Визуелен водич низ ГалаксијатаОд раѓање на ѕвезди до срцето на Млечен Пат, од судир на галаксии до последните импулси енергија на ѕвездените џинови. Некои од најспектакуларните објекти во вселената сега се лесно достапни за набљудување како ѕвездите на небото преку астро-курсот на Астрономскиот центар Орион. Курсот ќе започне на 25 февруари во 20:00 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје.
На oвој визуелно богат астрономски курс ќе се запознаете со повеќето објекти од длабокото небо (deep-sky objects), каде секоја од претставените маглини се доловени со снимки од најмоќните телескопи преку кои ќе биде објаснето за нивното потекло, структурата и други основни карактеристики. За следење на овој курс не се потребни предзнаења, само желба за стекнување на нови.
Курсот ги опфаќа најважните, највозбудливите маглини, објекти од длабокото небо во нашата галаксија и надвор од неа, за кои преку краток вовед во астрономијата ќе добиете претстава за еволутивниот тек на небесните објекти. Предавањата се со јасни и едноставни термини, описно претставени природните процеси преку примери од секојдневнието.
Магичните фотографии не се само сирови податоци за научниците, тие навлегоа во популарната култура преку филмови, основен дезен за постери и гардероба, корици на книги и сл. Пред сè фасцинантната фото-колекција ни ја доловува динамичната природа на Универзумот. Овој курс содржи 6 предавања и 2 теренски предавања пропратени со набљудување преку моќен телескоп:
1. Вовед во објектите од длабоко небо - четврток, 25 февруари во 20:00 ч. 2. Млечен Пат и видови на галаксии - четврток, 25 февруари во 20:50 ч. 3. Развој и видови на ѕвезди - петок, 26 февруари во 20:00 ч. 4. Потекло на маглините - петок, 26 февруари во 20:50 ч. 5. Нашето ноќно небо I дел - четврток, 3 март во 20:00 ч. 6. Нашето ноќно небо II дел - четврток, 3 март во 20:50 ч. 7. Теренско набљудување, зимско небо - петок, 4 март во 20:00 ч. на терен 8. Теренско набљудување, летно небо (почеток на јуни) *Теренските набљудувања ќе бидат закажани во зависност од метеоролошките услови, доколку бидете спречени да дојдете на точно одредениот датум на терен ќе имате уште една можност за набљудување. Сите предавања почнуваат од 20:00 ч. и траат до 21:35 заедно со паузата од 5 минути. После секое предавање ќе има прашања и кратка дискусија. За предавањата ќе имате прирачник за полесно следење на предавањата.
На крај од курсот ќе се доделат сертификати за учество. Цената на курсот е 500 ден. (Напомена: Цената е веќе со голем попуст од 30%, затоа ги нема вообичаените попусти за студенти и членови на астрономски друштва) Пријавување не е потребно, само треба да дојдете 20 минути пред почетокот на првото предавање пред амфитеатарот каде се врши и уплатата. За повеќе информации слободно пишете ни на контакт формуларот на овој сајт, на orion.mk@mail.com, јавете се на 075 421 012 или 075 64 33 44.
*Доколку има промени во распоредот, сите промени ќе бидат соодветно објавени. ![]() Благодарност до Архитектонскиот факултет за поддршката. |
Моментална фаза на Месечината
|