Вселенскиот телескоп Џејмс Веб е планиран за лансирање во 2018 за кој се вели дека ќе биде научен наследник на Хабл телескопот. Цената на телескопот до лансирањето ќе изнесува околу 9 милијарди долари. Неговото огледало со пречник од 6,5 метри е обложено со тенок слој злато, бидејќи тој елемент најдобро ја одбива инфрацрвената светлина за која и е наменет. Примарното огледало е составено од 18 засебни шестоаголни огледала произведени од легура на берилиум, да се добие цврстина и мала маса за да биде возможно да се лансира во орбита. Џејмс Веб телескопот ќе работи во режим помеѓу видлива црвена и инфрацрвена светлина. Кога телескопот ќе биде поставен во хелиоцентрична Л2 орбита, ќе претставува најмоќна опсерваторија воопшто направена. Со помош на Џемс Веб телескопот ќе се набљудуваат процесите кои се одвивале во најраната фаза на зачетокот на Универзумот, односно создавањето на првите ѕвезди и почетниот развој на галаксиите. Ќе има уникатна можност за лесно откривање на составот на атмосферите на егзопланетите, од каде би можеле да добиеме прелиминарни податоци за развој на живот на други ѕвездени системи. Неговите сензори во инфрацрвена светлина може да откриваат многу бледи и оддалечени објекти во нашиот Сончев систем, со што ќе добиеме подобра претстава за надворешниот дел од Сочевиот систем и евентуално откривање на други други планети, џуџести планети и помали објекти кои орбитираат околу Сонцето. Процесот на нанесување на златниот слој: Склопувањето на Џејмс Веб телескопот додека се поставува во Л2 орбита:
0 Comments
Leave a Reply. |
Категории
All
Архива
January 2019
|