Астрономски центар Орион
  • Насловна
    • Астрономија
    • Астромагазин
  • Новости
  • Активности
    • Астрокамп Рожен 2017
    • Ден на астероидот
    • Црни дупки
    • Ноќта на Јуриј 2017
    • Основен курс 2016
    • Планетарно сафари
    • Галактички водич
    • Плутон журка
    • 25 години Хабл
    • Основен курс 2015
    • Интерстелар
  • Галерија
  • Зачлени се
  • Контакт
    • Редакција

Термички снимки од северниот пол на Јупитер

15/4/2018

0 Comments

 
Во оваа анимација погледот се упатува кон долниот дел на северниот пол на Јупитер каде може просторно да се доживее погледот кон централниот циклон на полот и осумте други циклони кои го опкружуваат. За видео клипот искористени се слики добиени од инфрацрвениот инструмент на вселенската сонда Јунона во текот на нејзините четири преминувања преку масивната планета. Инфрацрвените камери се користат за да се сними температурата на атмосферата на Јупитер и овозможуваат преглед во начинот на движење на моќните циклони на половите на Јупитер. Во анимацијата жолтите делови се потопли и подлабоки во атмосферата на Јупитер, додека темните делови се постудени и повисоко во атмосферата на Јупитер. На оваа слика највисоката, „најсветла температура“, е околу 10°C, додека најниската е околу -80°C.
Picture
Прикажувајќи го инфрацрвениот дел од спектарот, камерата ја доловува топлината како излегува од длабочината на Јупитер подеднакво добро, без разлика дали е ден или ноќ. Со инструментот се нанализира климатскиот слој на 80 до 120 километри под облаците на Јупитер. Сликите и анимацијата ќе му помогнат на тимот да ги разбере силите кои функционираат во областите околу северниот пол во кој доминира централен циклон опкружен од осум циркумполарни циклони со дијаметри од 4000 до 4600 километри.
Прелет над облациите на Јупитер и просторна претстава на ураганите на северниот пол (с) NASA/Juno
Графичка претстава на нерамномерно распределеното магнетно поле на Јупитер предизвикано од динамо ефектот помеѓу слоевите во внатрешноста (с) NASA/Juno
Научниците кои работат на мисијата Јунона на НАСА споделија просторна инфрацрвена претстава која прикажува густо насобрани циклони и антициклони кои ги исполнуваат поларните региони на планетата, како и првиот детален преглед на динамо ефектот што го предизвикува моќното магнетно поле на Јупитер, ова е прва подетална магнетна мапа за било која планета освен Земјата.

Автор: Елена Панова
0 Comments



Leave a Reply.

    Категории

    All
    Space
    Астромагазин
    Астрофизика
    Галаксии
    Дома
    Забава
    Квантна физика
    Комети
    Космологија
    Маглини
    Мисии
    Набљудување
    Настани
    Нови светови
    Општество
    Ракети
    Соѕвездија
    Сончев систем
    Телескопи
    Технологии

    Архива

    January 2019
    December 2018
    November 2018
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    July 2018
    June 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    February 2018
    January 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015

    RSS Feed

Астрономски центар Орион © 2014