Автор: Мартин Стојковски
Нова анимација која се базира на мерењата на најпрецизниот вселенски телескоп Гаја наменет за астрометрија (прецизно мерење на позициите и движењата на ѕвездите). Овде прикажан е поглед кон соѕвездието Орион и на каков начин ќе се движат ѕвездите во тој регион во наредните 450.000 години. Ѕвездите не се статични на небото, нивната позиција постојано се менува додека се движат низ нашата галаксија, Млечниот Пат. Нивните движења се пребавни за да се забележат со голо око во нашиот животен век, но затоа набљудувањата преку суперпрецизниот телескоп може со голема точност да ги измери нивните движења во однос на нашата позиција. Преку мерење на нивната моментална брзина и насока може да се конструира нивната траекторија многу години во иднината. Овој видео клип ни го доловува нивното движење во наредните 450.000 години, прикажувајќи ја нивната позиција во препознатлив дел од небото во околината на соѕвездието Орион. Делот од небото на кое е прикажана анимацијата зафаќа аглова ширина од 40° на 20° и се гледа како ќе се развива во иднина особено најсјајните ѕвезди и ѕвездени јата како Хијадите и ѕвездата Алдебаран кои се дел од соѕвездието Бик, јатото забележливо влегува во видното поле од десната страна. Сјајната ѕвезда Бетелгејз се очекува да експлодира во супернова во наредните 100.000 години исто како црвениот суперџин Алдебаран. Во овие големи временски интервали се очекува појава и на нови ѕвезди особено оние кои веќе се создаваат во молекуларниот облак Орион. Автор: Мартин Стојковски
0 Comments
Leave a Reply. |
Категории
All
Архива
January 2019
|