Автор: Мартин Стојковски
Направена е интересна снимка од сателит кој исфрла мрежа за собирање на вселенски отпад. Британскиот сателит РимувДибрис (NanoRacks-Remove Debris) кој прво беше прикачен до Меѓународната вселенска станица - МВС, а потоа упатен кон целта која требаше да ја земе, мал КјубСат сателит. Операторите се задоволни од начинот на извршување на мисијата која одмина според планираното. На видеото се забележува неконтролираната ротација на малиот сателит кој се наоѓа на само 8 метри од РимувДибрис при исфрлување на мрежата. По оваа постапка за неколку месеци малиот сателит заедно со мрежата ќе навлезе во атмосферата комплетно согорувајќи. Покрај оваа метода британскиот сателит РимувДибрис ќе може да користи и харпун со кој ќе ги собира нефункционалните сателити. Нај крај од мисијата сателитот ќе ослободи големо едро со што значително ќе се забрза времето на деорбитирање и пад во атмосферата. Вакви сателити се очекува да помогнат при расчистување на вселенски отпад кој се наоѓа во ризична близина на функционални сателити и Меѓународната вселенска станица. Автор: Мартин Стојковски
0 Comments
Leave a Reply. |
Категории
All
Архива
January 2019
|