Астрономски центар Орион
  • Насловна
    • Астрономија
    • Астромагазин
  • Новости
  • Активности
    • Астрокамп Рожен 2017
    • Ден на астероидот
    • Црни дупки
    • Ноќта на Јуриј 2017
    • Основен курс 2016
    • Планетарно сафари
    • Галактички водич
    • Плутон журка
    • 25 години Хабл
    • Основен курс 2015
    • Интерстелар
  • Галерија
  • Зачлени се
  • Контакт
    • Редакција

Прв забележан меѓуѕвезден објект во Сончевиот систем

26/10/2017

0 Comments

 
Кометата Панстарс У1 (Pan-STARRS C/2017 U1) навлегла до 0,25 астрономски единици до Сонцето на почетокот од септември, а на 14 октомври премина релативно близу до Земјата на само 0,15 ае. Според нејзината екстремна орбита астрономите се сигурни дека не потекнува од нашиот Сончев систем, туку доаѓа од меѓуѕвездениот простор.
Егзоастероид во Сончев систем
Уметнички приказ на објектот додека преминува низ Сончевиот систем (с) NASA/JPL
Доколку во следните попрецизни мерења ексцентрицитетот на орбитата остане над 1 тогаш сигурно станува збор за објект кој доаѓа вон нашиот Сончев систем. Овој меѓуѕвезден објект не бил забележан пред 18 октомври, четири дена по ’најблискиот’ премин. По подетални набљудувања забележано е дека орбитата на малата 150 метарска комета е хиперболична и под многу остар агол со еклиптиката (рамнината на Сончевиот систем). Нејзината траекторија и големата брзина на движење укажува дека лесно ќе излезе од гравитациското влијание на Сонцето, што преставува прв ваков случај.
Орбита
Графички приказ на орбитата на кометата Панстарс У1
Меѓуѕвездената комета наречена според телескопот со кој за прв пат е забележана, Панстарс, потекнува надвор од Сончевиот систем и претставува прв забележан интергалактички објект кој излегол од гравитациското влијание на друга ѕвезда и сега го посетува Сончевиот систем. Кометата сигурно ќе го напушти нашиот систем и никогаш повеќе нема да се врати. Со подетални анализи на нејзината патека може да се открие од која ѕвезда потекнува, моментално се знае дека е пристигната од соѕвездието Лира.
Панстарс
Кометата снимана 9 минути во движење. Секоја снимка е со ширина од 3 аглови минути (с) NASA

Обновено на 26 октомври @ 16:00

Именувањето и класата на објектот се променети, сега овој објект се класифицира како ’астероид’ со ознака Pan-STARRS A/2017 U1.

Обновено на 27 октомври @ 12:00

Од повеќе опсерватории независно е измерено дека овој објект Панстарс А/2017 U1 има хиперболична орбита и официјално станува првиот објект забележан во Сончевиот систем кој потекнува од друг ѕвезден систем.

​Автор: Мартин Стојковски
0 Comments



Leave a Reply.

    Категории

    All
    Астромагазин
    Астрофизика
    Галаксии
    Дома
    Забава
    Квантна физика
    Комети
    Космологија
    Маглини
    Мисии
    Набљудување
    Настани
    Нови светови
    Општество
    Ракети
    Соѕвездија
    Сончев систем
    Телескопи
    Технологии

    Архива

    January 2019
    December 2018
    November 2018
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    July 2018
    June 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    February 2018
    January 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015

    RSS Feed

Астрономски центар Орион © 2014