Автор: Кристијан Шишковски
Постојат планети кои не орбитираат околу ѕвезди бидејќи се гравитациски исфрлени од помасивни планети или ѕвезди кои се нашле во близина на нивната орбита при формирањето или при интеракција со друг ѕвезден систем. Тие планети сами скитаат низ Млечниот Пат во вечна темнина без матична ѕвезда. Многу е тешко да се откријат таквите планети бидејќи нема ѕвезда преку која би можеле да се забележат. Единствен начин на откривање на вакви објекти е преку гравитациска микролеќа, односно се забележуваат кога планетата скитничка ќе помине пред некоја далечна ѕвезда и со нејзината гравитација на кратко го зголемува сјајот на позадинската звезда додека ја закривува светлината која патува кон нас и прави ефект на гревитациска леќа, ова е релативистички ефект на мало закривување на време-просторот. Вообичаено тој ефект на микролеќа трае помеѓу неколку часа до неколку дена, и во двата случаеви кога биле откриени овие планети тој ефект траел само пловина ден. Оддалеченоста на планетите не е позната само може да се претпостави дека првата планета има маса од една до 20 јупитерови маси, додека за втората се претпоставува дека е со една до 15 земјени маси. Единствено за овие планети скитнички се знае дека нема ѕвезда во нивна близина, а вакви примери се забележани само неколку досега. Според некои научници планети скитнички би можело да постојат повеќе отколку што има ѕвезди во Млечниот Пат. Според симулации на формирање на ѕвездени системи повеќето планети скинтници би требало да бидат со помала маса од Земјината, а поради помалата маса и ефектот на микролеќи е многу потешко забележлив. Автор: Кристијан Шишковски
2 Comments
stojance444
13/11/2018 12:54:01 pm
podobro pisete prevel, poso ''avtorov'' preveduva od flipboard site dosegasni objavi
Reply
Kristijan Siskovski
13/11/2018 01:11:35 pm
Здраво, јас сум автор на текстот и уредник на порталот. Овој текст е авторски како и поголемиот дел други текстови на orion.mk бидејќи е превземен од објава за медиуми дирекно од изворот. Се разбира дека новостите ќе имаат слична или идентична содржина, но ние секогаш се трудиме да биде разбирливо и детално објаснето засекого. Нашите текстови не се преведени од други портали.
Reply
Leave a Reply. |
Категории
All
Архива
January 2019
|