И покрај тоа што во најголемата активност дел од небото беше барем 10% прекриено со високи и тенки облаци и малото светлосното загадување од Скопје ние успеавме во најактивниот час да забележиме дури 62 Персеиди и 5 спорадични метеори.
Локацијата на набљудување беше истата од лани, рамнина пред селото Љубанци, над Радишани.
За цело време од набљудувањето не забележавме ниту една огнена топка, повеќето метеори беа помеѓу +2 и +3 магнитуда.
Дури еден Персеид беше забележан низ тесното видно поле на телескопот кој го користевме вечерта додека го набљудувавме Двојното ѕвездено јато во Персеј.
Најдобрите фотографии од Персеидите во 2016
2016 Perseid Fireball from Jeremy Perez on Vimeo.
Обновено на 19 август @ 18:30

