Автор: Кристијан Шишковски
По две години патување вселенското летало Озирис-Рекс со димензии на мал автомобил пристигна во орбита на астероидот Бену чиј дијаметар е само 500 метри. Поради блиската орбита на Бену со Земјината тоа е лесен објект за истражување. Бену потекнува од самиот зачеток на Сончевиот систем и неговиот состав е еднаков на составот на материјалите од кои се создавал нашиот систем. Со помош на роботската рака на леталото во јули 2020 година ќе се земе материјал од површината со тежина од 50 грама и тој примерок ќе биде вратен на Земјата за детално хемиско и физичко испитување во лабораторија. Неговата површина е богата со сложени органски соединеија од кои се создавале карпестите планети во Сончевиот систем, а токму од тие соединенија се создале услови за развој на живот на Земјата. Видео клип од една цела ротација на астероидот Бену снимен со вселенското летало Озирис-рекс (с) NASA/OSIRIS-REx/Roman Tkachenko Во март 2021 вселенското летало ќе го напушти астероидот Бену и заедно со научно скапоцениот материјал од површината на астероидот ќе се врати на Земјата на 24 септември 2023 година. Детали од планираната мисија покрај астероидот Бену Автор: Кристијан Шишковски
0 Comments
Leave a Reply. |
Категории
All
Архива
January 2019
|