Астрономски центар Орион
  • Насловна
    • Астрономија
    • Астромагазин
  • Новости
  • Активности
    • Астрокамп Рожен 2017
    • Ден на астероидот
    • Црни дупки
    • Ноќта на Јуриј 2017
    • Основен курс 2016
    • Планетарно сафари
    • Галактички водич
    • Плутон журка
    • 25 години Хабл
    • Основен курс 2015
    • Интерстелар
  • Галерија
  • Зачлени се
  • Контакт
    • Редакција

Откриена е планета и околу втората најблиска ѕвезда

15/11/2018

0 Comments

 
Откриена е планета околу Барнардовата Ѕвезда која е оддалечена само 6 светлосни години од нас. Овој систем е вториот најблизок до Сончевиот систем по Алфа Кентаур ѕвездениот систем кој е составен од дури три ѕвезди, пред две години беше откриена карпеста планета околу Проксима Кентаур. Новата планета е (не)вообичаено наречена Барнардова Ѕвезда б бидејќи на имињата на сите откриени егзопланети се додаваат букви од латиничното писмо на името на матичната ѕвезда.
Барнардова Ѕвезда б
Уметничка претстава на површината на Барнардова Ѕвезда б (с) ESO/M. Kornmesser
Планетата Барнардова Ѕвезда б е карпеста планета од класата на супер-земји, има околу 3,5 земјени маси и орбитира околу својата ѕвезда на секои 233 дена. Барнардова Ѕвезда спаѓа во класата на ѕвезди црвени џуџиња чија маса е само 15% од Сонцето. Поради бледиот сјај, енергијата која ја добива планетата е само 2% од енергијата која ја добива Земјата од Сонцето.
Барнардовата Ѕвезда
Уметничка претстава на Барнардовата Ѕвезда б која обитира околу Барнардовата Ѕвезда (с) ESO/M. Kornmesser
Планетата е 5 пати пооддалечена од населивата зона каде би можело да се појават услови за течна вода на површината. Поради овие услови на површината на Барнардова Ѕвезда б е во вечен мраз при температури од околу –170 ℃. За можни услови за живот би можело да се шпекулира само под кората од неколку километри вечен мраз, доколку доколку има доволни количества мраз на површината.
Преку овие набљудувања исклучена е можноста да постои голема карпеста планета во населивата зона, а доколку постои таа би била барем 10 пати помалку масивна од Земјата.
Барнардова Ѕвезда е двојно постара од Сонцето и релативно неактивна во однос на други црвени џуџиња и има најголема брзина на движење во однос на нашата позиција. Научниците се 99% сигурни дека планетата постои, а користени се најпрецизните телескопи за нејзино откривање вклучувајќи го Многу големиот телескоп во Чиле. Во иднина ќе продолжи анализата на оваа ѕвезда во случај да има лажни заклучоци поради нејзината периодична активност што е малку веројатно.
Планетата е откриена преку доплеров ефект, додека планетата орбитира околу ѕвездата предизвикува мали отстапки во нејзиното радијално движење, а со тоа и црвено односно сино поместување на светлината. Поради големата прецизност на инструментите можно е да се забележи отстапка на движењето на ѕвездата од само 3,5 km/h што е еквивалент на брзина на пешачење.

Автор: Кристијан Шишковски
0 Comments



Leave a Reply.

    Категории

    All
    Space
    Астромагазин
    Астрофизика
    Галаксии
    Дома
    Забава
    Квантна физика
    Комети
    Космологија
    Маглини
    Мисии
    Набљудување
    Настани
    Нови светови
    Општество
    Ракети
    Соѕвездија
    Сончев систем
    Телескопи
    Технологии

    Архива

    January 2019
    December 2018
    November 2018
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    July 2018
    June 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    February 2018
    January 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015

    RSS Feed

Астрономски центар Орион © 2014