Автор: Мартин Стојковски
Откриен е нов мал објект во Сончевиот систем позади орбитата на Нептун. Колоквијално именуван како Гоблин (2015 TG387) се наоѓа на 80 астрономски единици од Сонцето (80 пати подалеку од растојанието Сонце-Земја) и потребни се 40.000 години за да оствари една орбита. Овој објект е откриен додека е трагано по хипотетичката масивна ’Планета 9’ чие присуство е можно поради невообичаните орбити на малите објекти и планетоиди во надворешниот регион од Сончевиот систем, исто така ориентацијата на орбитата на овој објект се совпаѓа со постоењето на ’Планета 9’ која сé уште не може да се открие. Поволната полажба на овој објект кој се наоѓа близу перихел (најблиска точка на орбита околу Сонцето) било можно да биде откриен и забележан од телескопите. Астрономите веруваат дека постојат десетици илјади вакви слични објекти во надворешниот дел од Сончевиот сситем, но моментално се наоѓаат предалеку за да бидат откриени со моменталната технологија. Во иднина ќе продолжи потрагата по Планета 9 и можни се откритија на повеќе вакви објекти. Автор: Мартин Стојковски
0 Comments
Leave a Reply. |
Категории
All
Архива
January 2019
|