Автор: Мартин Стојковски
Вселенската сонда Нови Хоризонти која го посети Плутон во јули 2015 година беше во хибернација до утрово кога успешно се подигнаа сите системи и инструментите работат во вообичаен режим. Нејзината наредна дестинација е објект од Кајперовиот појас популарно наречен Ултима Туле (2014MU69) каде треба да прелета на првиот ден од наредната година на само 3.500 километри од површината. Ултима Туле е 1,5 милијарди километри оддалечен од Плутон, а од Земјата се наоѓа на 7 милијарди километри или 6,5 светлосни часа. Една орбита околу Сонцето на овој објект трае 300 години. Според набљудувањата од Земјата и вселенскиот телескоп Хабл се претпоставува дека е бинарен објект, составен од две тела, а површината е барем делумно прекриена со црвенкаста материја. Неговиот дијаметар е околу 30 km или нешто помал доколу се работи за две тела. За споредба Плутон е 2.400 km во дијаметар. Во наредниот период сондата ќе се припрема за блискиот прелет покрај Ултима Туле кој ќе се случи неколку минути по полноќ на 1 јануари 2019 година. Од средината на октомври ќе се надмине резолуцијата на Хабл, но снимки со големина од 3~4 пиксели ќе се постигне на само неколку дена пред прелетот поради неговите премали димензии. Рано изутрина по Новата година кога ќе се направи прелетот резолуцијата на снимката се очекува да достигне до 800 х 800 пиксели од површината на ова тело, се разбира резолуцијата ќе биде помала доколу се работи за бинарен објект. Првите снимки од прелетот се очекува да пристигнат веќе наредниот ден. Автор: Мартин Стојковски
0 Comments
Leave a Reply. |
Категории
All
Архива
January 2019
|