Со помош на вселенскиот телескоп Чандра кој работи во Х-зраци проучуван е огромен ладен појас во галктичкото јато Персеј што се протега повеќе од два милиони светлосни години во должина. Галактичките јата се најголемите и најмасивните структури во Универзумот кои меѓу себе се гравитациски поврзани. Галактичките јата содржат стотици или илјадници галаксии, а во галаксиите често се наоѓа вжештен гас кој свети во Х-зраци. „Ладниот“ гасовит и густ појас во јатото Персеј има температура од 30 милиони степени Целзиусови се пробива низ многу поврел гас со помала густина на температура од 80 милиони степени Целзиусови. Огромниот ладен фронт се создал пред 5 милијарди години патувајќи со 450.000 км/ч низ поврелиот гасовит дел. Зачудувачки по толку голем период неговата конзистентонст и движење е задржано, наместо да се разреди со тек на време. Овој ладен брановиден појас се појавил како последица на судир помеѓу две помали галактички јата привлечени од гравитацијата на масивното централно галактичко јато. Додека ладниот бран патува низ јатото се создаваат екстремни услови и турбуленции од бранување на материјата од ерупции на супермасивната црна дупка во центарот на големата галаксија во јатото Персеј. Овие набљудувања со помош на вселенскиот телескоп Чандра заедно со теоретски модели обезбедува информации за јачината на магнетното поле предизвикано од помасивните галаксии во јатото. Магнетното поле ов ладниот појас е милион пати послабо од обичен магнет за фрижидер, но десетици пати поголемо од околината во галактичкото јато. Со овие набљудувања се добива многу попрецизна претстава за потеклото на галаксиите и нивниот подоцнежен развој. Автор: Ивана Крстевска
0 Comments
Leave a Reply. |
Категории
All
Архива
January 2019
|