Последните слики кои пристигнаа од Церера прикажуваат конусна планина висока 5 км која се издига над релативно рамната површина. Моментално леталото Зора (Dawn) се наоѓа на 4.000 км над површината од каде ги сними овие особини на површината. Се гледа дека низ целата површина се појавуваат кратери, некои од нив имаат и централни испакнатини, но оваа конусна ’планина’ доминира во нејзината околина (некои велат дека повеќе им личи на пирамида). Мистериозната планина не е единствената карактеристика која се гледа на новите слики. Тука се веќе се побројните ситни светли дамки, повеќе шестоаголни кратери, неколку групи на линеарно поставени кратери, длабоки бразди и неколку посветли (свежи?) кратери. Во иднина се очекува многу повеќе детали за нивниот состав и начин на создавање, бидејќи веќе идниот месец леталото Зора ќе биде во многу пониска орбита од 1.500 км од каде со помош на другите инструменти ќе ги разоткрие овие мистерии на карактеристиките на површината.
0 Comments
Leave a Reply. |
Категории
All
Архива
January 2019
|