Кометата Каталина (C/2013 US10) конечно доволно се оддалечи од Сонцето, а со тоа и навлегува сè подлабоко на ноќното небо со што би можело да се направат подобри фотографии со продолжена експозиција за да се истакнат и најбледите детали од нејзината раскошна опашка. Преку двоглед може да се види како маглива дамка со сјаен центар, опашките не се забележуваат. Додека преку телескоп може да се видат двете опашки, едната од прав, другата од јонизиран гас. Возможно е од 9 декември кога Месечината ќе се тргне од нејзината близина да биде видлива барем едната опашка преку двоглед. За жал не се очекува да достигне видливост со голо око. Утре на 8 декември во раните утрински часови ќе може да се набљудува од 4:00 ч. до 5:30 ч. на само 4 степени северно (лево) од Венера и 5 степени западно (горе) од тенкиот Месечев срп. Кога ќе ја набљудувате со двоглед Венера би требало да ви биде на десниот раб од видното поле, а Месечината на долниот раб, со што во таа позиција кометата треба да ви биде во централниот дел од полето. Позицијата на Каталина УС10 утрово во однос на Венера и Месечината
0 Comments
Leave a Reply. |
Категории
All
Архива
January 2019
|