Астрономски центар Орион
  • Насловна
    • Астрономија
    • Астромагазин
  • Новости
  • Активности
    • Астрокамп Рожен 2017
    • Ден на астероидот
    • Црни дупки
    • Ноќта на Јуриј 2017
    • Основен курс 2016
    • Планетарно сафари
    • Галактички водич
    • Плутон журка
    • 25 години Хабл
    • Основен курс 2015
    • Интерстелар
  • Галерија
  • Зачлени се
  • Контакт
    • Редакција

Касини во огромна близина на сатурновите прстени

24/11/2016

0 Comments

 
Следната недела започнува претпоследниот стадиум од мисијата Касини на НАСА која веќе 12 години го проучува кралот на прстените, Сатурн. Крајот на мисијата се ближи, која ќе заврши со уништување на леталото при навлегување во атмосферата на Сатурн на 15 септември 2017. Но пред ова да се случи останува уште еден клучен дел од мисијата која ќе орбитира во многу голема близина до грандиозните прстени.
Сатурн затемнување
Грандиозниот изглед на Сатурн со позадинско осветлување од Сонцето. Кликнете на фотографијата за поголема резолуција (с) NASA/Cassini
Касини ќе ги користи неговите инструменти да ги анализира честиците и гасот кои се наоѓаат во близина на главниот дел од прстените и оној последен лесно забележлив дел од Ф сегментот на прстените што е константно обликуван од две мали месечинки и со нивната гравитација влијаат на неговата форма.
Сатурн орбити
Досегашните орбити на Касини и наредните 20 орбити истакнати во жолто (с) НАЅА
За време на оваа фаза од мисијата Касини воедно ќе ги направи и најдобрите фотографии од месечинките што орбитираат во самите прсени како Пандора, Дафне, Атлас и Пан. Ќе се направи и обид да се сними парвот што е произлезен од метеороидни удари во карпите што ги сочинуваат прстените со помош на позадинско осветлување од Сонцето.
Сатурн прстени
Главниот дел од сатурновите прстени А, Б, Ц, Д и Ф сегментот (с) NASA/Cassini
Надворешниот дел од прстените ќе биде снимен со огромна резолуција која ќе прикаже детали со големина од 1 километар, што сепак нема да биде возможно да се набљудуваат поединечните карпи во прстените чија големина е до 30 метри. Ќе се направи обид индиректно да се забележат мали тела од неколку стотина метри со чија гравитација влијаат на структурата на прстените.
Сатурн Касини орбити
Графички приказ на траекториите на Касини, за време на последните две фази од мисијата. Со сиво се прикажани 20 орбити од мисијата што следува близу прстените и со сино прикажани последните 22 орбити од Големото Финале. Последната сринувачка патека во атмосферата на Сатурн е прикажана во портокалово (с) NASA/SSI/JPL
Откога ќе заврши овој стадиум, ќе се пристапи кон насочување на вселенската сонда во најекстремна орбита која ќе поминува помеѓу атмосферата на планетата и најблискиот дел од прстените, Д сегментот. Последниот стадиум од мисијата е наречен „Големото Финале“, кога ќе се направат неколку блиски орбити и неговата оддалеченост од последниот слој на облаците на Сатурн ќе биде на само 1500 км.
Во периодот што следува очекувајте спектакуларни снимки од оваа фасцинантна планета.

Автор: Ивана Крстевска
0 Comments



Leave a Reply.

    Категории

    All
    Space
    Астромагазин
    Астрофизика
    Галаксии
    Дома
    Забава
    Квантна физика
    Комети
    Космологија
    Маглини
    Мисии
    Набљудување
    Настани
    Нови светови
    Општество
    Ракети
    Соѕвездија
    Сончев систем
    Телескопи
    Технологии

    Архива

    January 2019
    December 2018
    November 2018
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    July 2018
    June 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    February 2018
    January 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015

    RSS Feed

Астрономски центар Орион © 2014