Автор: Дими
Јунона е вселенско летало на НАСА кое е испратено во орбита на Јупитер за да ја истражува неговата внатрешност. Лансирана е во 2011 година, а во орбита на Јуптер пристигна на 5 јули 2016. По завршување на мисијата леталото ќе биде срушено и согорено во атмосферата на Јупитер. Главната мисија се состои во детално мерење на составот на атмосферата, аномалии во гравитацијата, магнетосферата и механизмот на развивање на неговото силно магнетно поле. Исто така ќе се бараат докази за детали од раните фази на неговото создавање, големината на карпестото јадро, количество на вода во долните слоеви од атмосферата, распределбата на маса во внатрешноста, струите во атмосферата и ветриштата во комплексната повеќеслојна атмосфера кои достигнуваат над 600 км/ч. Ова вселенско летало е второто летало во орбита на Јупитер по Галилео кое беше во негова орбита од 1995 до 2003 година. Јунона има поприлично слаба камера која не е наменета за научни цели, нејзината финкција е само за новински комуникации со јавноста. Затоа фотографиите кои ги добиваме се со ниска резолуција и слаб квалитет. Но со добри волуметриски алгоритми може да се добие 4~5 пати побистра резолуција каде се забележуваат интересни детали во атмосферата на Јупитер. Еден од најдобрите кои објавија обработени фотографии на Јунона е Шон Дорен. Сите фотографии објавени во оваа статија се снимени од Јунона и обработени од Шон Дорен, а објавени на неговиот Фликер профил. Автор: Дими
0 Comments
Leave a Reply. |
Категории
All
Архива
January 2019
|