Астрономски центар Орион
  • Насловна
    • Астрономија
    • Астромагазин
  • Новости
  • Активности
    • Астрокамп Рожен 2017
    • Ден на астероидот
    • Црни дупки
    • Ноќта на Јуриј 2017
    • Основен курс 2016
    • Планетарно сафари
    • Галактички водич
    • Плутон журка
    • 25 години Хабл
    • Основен курс 2015
    • Интерстелар
  • Галерија
  • Зачлени се
  • Контакт
    • Редакција

Мистериите на Јупитер почнаа да се откриваат

12/12/2017

0 Comments

 
Инструментите на Јунона, вселенското летало кое е во орбита на Јупитер ја измери длабочината на структурата на Големата црвена дамика длабоко под облаците. Исто така беа откриени два нови радијациски појаси над екваторијалниот дел.
Големата црвена дамка
Снимка направена со вселенското летало Јунона од Големата црвена дамка на 11 јули 2017 година (с) NASA/Juno/Sean Doran
Компјутерски генерирана анимација од прелет над Јупитер и нурнување во неговата атмосфера според набљудувањата и мерењата направени од Јунона. Од левата страна графички е прикажана висината над и под атмосферата и температурата (с) NASA/Juno
Според податоците кои ги испрати Јунона, Големата црвена дамка е широка 16.000 километри, скоро еден и половина земјен дијаметар, а нејзините корени стигнуваат до 300 километри во длабочина на атмосферата. Јупитеровата Голема црвена дамка е огромен црвенкаст антициклон во јужната хемисфера чии ветришта струјат во насока обратна од стрелките на часовникот.
Анимација од Големата црвена дамка
Брзините на ветриштата во циклонот се многу поголеми од било кој циклон на Земјата, таму достигнуваат до брзини до 430 км/ч. Корените на црвената дамка се 50 до 100 пати подлабоки од океаните на Земјата, нивната температура е повисока во длабочините отколку кон површината што ги објаснува струењата што ги забележуваме на површината од атмосферата.
Јупитер пресек
Пресек низ горните слоеви од атмосферта на Јупитер во микробраново зрачење (с) NASA/Juno
Сè уште не се знае дали Големата црвена дамка има потенцијал да остане траен белег на Јупитер. Циклонот е набљудуван уште од 1830 година, но најверојатно постои повеќе од 350 годони. Во 19 век дамката била четири пати поголема отколку денес, а во времето на вселенските летала Војаџер во 1979 година дамката била 30% поголема од денес.
Радијациски појаси
Графички приказ на екваторијалните радијациски зони што за прв пат се забележани од Јунона (с) NASA/Juno
По пристигнувањето на вселенското летало Јунона откриени се нови радијациски појаси поради големата близина на леталото со Планетата, област каде досега не било ни едно летало. Радијациските појаси се состојат од релативистички електрони кои се движат со брзина приближна на светлината. Потеклото на релативистичките електрони сè уште не е познато.
Јупитер јужен пол
Дел од јужната хемисфера на Јупитер близу јужниот пол снимен при последниот прелет на 24 октомври 2017 година (с) NASA/Juno/Sean Doran
Досега со Јунона направени се 9 блиски прелети над Јупитер од кои во последните 8 беа вклучени научните инструменти. Овие прелиминарни научни објави се темелат само на првиот прелет над Јупитер. Следниот близок прелет ќе биде на 16 декември.

Автор: Кристијан Шишковски
0 Comments



Leave a Reply.

    Категории

    All
    Астромагазин
    Астрофизика
    Галаксии
    Дома
    Забава
    Квантна физика
    Комети
    Космологија
    Маглини
    Мисии
    Набљудување
    Настани
    Нови светови
    Општество
    Ракети
    Соѕвездија
    Сончев систем
    Телескопи
    Технологии

    Архива

    January 2019
    December 2018
    November 2018
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    July 2018
    June 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    February 2018
    January 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015

    RSS Feed

Астрономски центар Орион © 2014