Астрономски центар Орион
  • Насловна
    • Астрономија
    • Астромагазин
  • Новости
  • Активности
    • Астрокамп Рожен 2017
    • Ден на астероидот
    • Црни дупки
    • Ноќта на Јуриј 2017
    • Основен курс 2016
    • Планетарно сафари
    • Галактички водич
    • Плутон журка
    • 25 години Хабл
    • Основен курс 2015
    • Интерстелар
  • Галерија
  • Зачлени се
  • Контакт
    • Редакција

Нови набљудувања од најголемиот прстен на Сатурн

12/6/2015

0 Comments

 
Најголемиот прстен на Сатурн стана уште малку поголем. Фиби прстенот кој беше откриен во 2009 година со помош на инфрацрвениот телескоп Спицер за кој се одреди дека се простира од 7 милиони до 12 милиони км од Сатурн, сега со најновите набљудувања е забележано дека се простира од 5 милиони до 16 милиони км од оваа планета. Толку голема структура не била порано забележана поради нејзината мала густина со ситни честици, впрочем има многу поголема густина на честици прав помеѓу вас и вашиот монитор на кој го читате овој текст отколку во Фиби прстенот. Доколку овој прстен би бил видлив би бил двојно поголем од дискот на полна Месечина. Овој прстен е видлив само во инфрацрвено зрачење поради топлината која ја ослободуваат честиците што претходно ја апсорбирале од Сонцето.
Фиби прстен
Уметнички приказ на Фиби прстенот кој за прв пат беше набљудуван во 2009 г (с) NASA/Keck
Овој огромен прстен се создал од удари на микрометеороиди во истоимената месечинка на Сатурн, Фиби која има слична оддалеченост од Сатурн и слична наклонетост на орбита. Фиби има ретроградна орбита и затоа ударите со ситните честици кои орбитираат околу Сатурн се со многу поголема јачина и сите шрапнели од ударите ја ’загадуваат’ орбитата околу која се движи малата месечинка Фиби.
Месечина Фиби
Малата месечинка Фиби со просечен дијаметар од 200 км. Овие фотографии се направени додека вселенското летало Касини пристигало во орбита околу Сатурн (с) NASA/Cassini
Фиби прав
Првата фотографија од овој прстен од прав која беше направена со вселенскиот телескоп Спицер во 2009 поставена врз цртеж претставен според набљудувањата (с) NASA/JPL
Астрономите и претходно поставувале хипотези за постоење на ваков прстен откога ја виделе површинската структура на Јапет, последната сферична месечина на Сатурн која орбитира на оддалеченост од 3,5 милиони км. Нејзината површина е половина бела како снег, а другата половина многу темна. Со што оваа хипотеза е потврдена. И токму поради позицијата и големината на оваа месечина се ’чисти’ тој дел од прстенот каде и практично завршува неговата структура.
Претстава во размер на прстенот Фиби
На сликата се претставени Сатурн со најблиските прстени, завршувајќи со Е сегментот од прстенот. Подолу се претставени во размер Сатурн, орбитата на Титан, орбитата на Јапет, орбитата на Фиби, и распространетоста на Фиби прстенот. Во десниот агол е месечината Јапет каде нејзината водечка страна со која орбитира околу Сатурн е извалкана со честиците од прстенот Фиби.
0 Comments



Leave a Reply.

    Категории

    All
    Space
    Астромагазин
    Астрофизика
    Галаксии
    Дома
    Забава
    Квантна физика
    Комети
    Космологија
    Маглини
    Мисии
    Набљудување
    Настани
    Нови светови
    Општество
    Ракети
    Соѕвездија
    Сончев систем
    Телескопи
    Технологии

    Архива

    January 2019
    December 2018
    November 2018
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    July 2018
    June 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    February 2018
    January 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015

    RSS Feed

Астрономски центар Орион © 2014