Астрономски центар Орион
  • Насловна
    • Астрономија
    • Астромагазин
  • Новости
  • Активности
    • Астрокамп Рожен 2017
    • Ден на астероидот
    • Црни дупки
    • Ноќта на Јуриј 2017
    • Основен курс 2016
    • Планетарно сафари
    • Галактички водич
    • Плутон журка
    • 25 години Хабл
    • Основен курс 2015
    • Интерстелар
  • Галерија
  • Зачлени се
  • Контакт
    • Редакција

Избрани се инструментите за нова мисија на Европа

27/5/2015

0 Comments

 
Избрани се научните инструменти за вселенската мисија на НАСА која треба да ја истражи месечината на Јупитер, Европа. Европа е шестата месечина по големина во Сончевиот систем со дијаметар од 3000 км. Првенствена задача на мисијата ќе биде дали има услови за живот на овој замрзнат свет и детална анализа на неговата внатрешност. Оваа мисија треба да се реализира кон средината на наредната декада, а таму да пристигне кон средината на триесетите години. Во мисијата треба да биде вклучено и преку 45 прелети од оваа ’планета’, некои од нив на само 20 км од самата површина.
Европа галилео сателит
Европа снимена од вселенската сонда Галилео (с) NASA
Оваа ’планета’ е привлечна за истражување поради нејзините површински карактеристики кои укажуваат дека под површината постои големо водено пространство по деталните набљудувања направени со вселенската сонда Галилео која имаше 10 прелети пред повеќе од 10 години и скорешните набљудувања со Хабл телескопот кој забележа меури од водена пареа кои биле ослободени од внатрешноста на Европа. Со ова Европа претставува најблиска дестинација за барање на живот вон нашата планета и меѓу трите објекти со најголема веројатност за да се пронајде жив свет, по сатурновите месечини Енцелад и Титан.
Површина Европа
Детална фотографија од површината на Европа снимена од вселенската сонда Галилео (с) NASA
Избраните инструменти за оваа мисија вклучуваат камери и спектрометри со што би се одредила содржината и составот на површината, камерите ќе ја снимат целата површина со резолуција од 50 м/пиксел. Радар со кој би се одредила дебелината на површинската замрзната кора и длабочината на подповршинските океани и мориња. Магнетометар со кој би се одредила соленоста, вискозноста и длабочината на водените пространства. Ќе има и инструменти кои ќе го мерат нивото на водена пареа во близина на површината.
Европа пресек
Внатрешниот состеав на Европа: метално јадро; карпеста обвивка; 50-150 км длабок океан; 10-30 км замрзната кора која поради ниските температури е поцврста од камен. Дијаметарот на Европа е 3.000 км (с) NASA
Во меѓувреме вселенската сонда Џуно (Јунона) треба да пристигне во орбита околу Јупитер во јули 2016 која подетално ќе ја истражи структурата, формацијата и други внатрешни процеси на Јупитер. Од друга страна Европската вселенска агенција (ESA) ќе испрати своја вселенса сонда наречена Џус (JUICE - Jupiter Icy Moons Explorer) која треба да ги истражува јупитеровите месечини Ио, Европа, Ганимед и Калисто. Лансирањето за оваа мисија е закажано за 2022 и пристигнувањето во орбита на Јупитер за 2030.
0 Comments



Leave a Reply.

    Категории

    All
    Астромагазин
    Астрофизика
    Галаксии
    Дома
    Забава
    Квантна физика
    Комети
    Космологија
    Маглини
    Мисии
    Набљудување
    Настани
    Нови светови
    Општество
    Ракети
    Соѕвездија
    Сончев систем
    Телескопи
    Технологии

    Архива

    January 2019
    December 2018
    November 2018
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    July 2018
    June 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    February 2018
    January 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015

    RSS Feed

Астрономски центар Орион © 2014