Автор: Мартин Стојковски
Објавени се нови, независни студии на контроверзниот ЕМ погон. Во изминативе неколку години по медиумите се објавуваа статии кои се потпираа само на една студија од една лабораторија. Иако сите гласини беа „премногу добри, да бидат вистинити“, а неговата функционалност не беше ни теоретски возможна кршејки основни физички закони, популарноста на ЕМ погонот во медиумите предизвикуваше голем интерес. Овде потекнува контроверзноста, но доколку навистина се јави некоја реална функционалност тоа би било револуција за вселенските летови. Новите студии објавени од француски и германски истражувачи кои го анализирале ЕМ погонот имаат малку поинакви резултати. Според нив забележаната сила е производ на интеракција на електрониката и каблите со магнетното поле на Земјата. Преку пресметка на силите и менување на ориентацијата на ЕМ погонот добиени се несразмерни резултати, оттука е заклучено дека најверојатно потисокот од неколку микроњутни потекнува од интеракција на магнетната индукција во каблите со магнетното поле на Земјата, процес кој е очекуван доколку нема соодветна магнетна изолација на електрониката. Функционалноста на ЕМ погонот по објавување на овие резултати е уште поневеројатна и неговата употреблива вредност за вселенски летови не ветува светла иднина. Автор: Мартин Стојковски
0 Comments
Leave a Reply. |
Категории
All
Архива
January 2019
|