Вселенското летало Dawn се приближува до џуџестата планета Церера. Денес НАСА објави нови фотографии снимени на 19 февруари на оддалеченост од 45.000 км од каде веќе се забележуваат повеќе детали и познатата светла дамка. Светлата дамка при оваа резолуција се гледа дека се две дамки кои лежат во ист кратер. Овие две дамки се сè уште преситни за да се види како настанале, но сепак се најсјајните белези кои се видливи на површината на планетата. За сега претпоставките се дека можеби се последица на благ удар од друго посветло тело или криовулканска активност која пак е крајно неочекувана на површината ниту пак е претходно забележана. Сепак за повеќе информации околу овие појави ќе треба да се причека на појасни фотографии. Dawn ќе пристигне во орбита околу Церера на 6 март, чија спирална орбита постепено ќе ја намалува оддалеченоста од површината сè до ноември оваа година кога ќе биде на висина од 370 км од каде ќе ги направи најпрецизните мерења и фотографии. Се претпоставува дека Dawn ќе остане засекогаш во оваа стабилна орбита како вечен вештачки сателит околу Церера. Присуството на голем број кратери на површината укажува на нејзината старост за која се претпоставува дека е формирана заедно со останатите планети од Сончевиот систем. Од оваа мисија се очекува да се даде многу поточен одговор за нејзинот развој, состав и потекло. Референци: НАСА
0 Comments
Leave a Reply. |
Категории
All
Архива
January 2019
|