Автор: Ивана Крстевска
Астрономите користејќи се со глобална мрежа од радио телескопи откриле пар на супермасивни црни дупки кои се раздвоени само 1 светлосна година. Објектите се наоѓаат во галаксијата NGC 7674 што се наоѓа на оддалеченост од 400 милиони светлосни години. Ова е втор близок пар на супермасивни црни дупки што воопшто е откриен, но овие се многу поблизу и многу полесни. Претходно откриените црни дупки се на меѓусебно растојание од 25 сг и взаемна маса од 15 милијарди сончеви маси, додека ново откриениот пар црни дупки се оддалечени само 1 сг една од друга и взаемна маса од 40 милиони сончеви маси. Орбиталниот период на двете црни дупки трае околу 100.000 години. Ова откритие е интересно тоа што не го познаваме механизмот кој би ги приближил супермасивните црни дупки поблизу од 3 сг, а знаеме дека и овие објекти со тек на време се соединуваат бидејќи постојат индиректни докази за тоа. Со подетални набљудувања се очекува подобро да се рабере механизмот и процесот на сплотување на супермасивните црни дупки. Иако се забележани сплотувања на помалите црни дупки со ѕвездена маса преку гравитациски бранови, мерењето на ослободената гравитациска енергија не е доволно да се разбере како овие многу поголеми облекти се судираат да состават една супермасивна црна дупка. Судир на супермасивни црни дупки не е можно да се забележи со LIGO опсерваторијата бидејќи фреквенцијата на гравитациските бранови при судир на супермасивни црни дупки е многу пониска од судирот на помалите црни дупки со ѕвездена маса. Галаксијата NGC 7674 претставува сејфертова галаксија со активно јадро која воедно ослободува големи количества на енергија во радио спектарот. Млазот од материја кој излегува од близината на хоризонтот на настани измерено е дека се движи со 30% од брзината на светлината. Поради огромната далечина на овој објект, истражувачите поврзаа повеќе радио телескопи и преку метод на интерферометрија составен е огромен виртуелен телескоп со резолуција од 10 пати поголема од таа на вселенскиот телескоп Хабл. Автор: Ивана Крстевска
0 Comments
Leave a Reply. |
Категории
All
Архива
January 2019
|