Астрономски центар Орион
  • Насловна
    • Астрономија
    • Астромагазин
  • Новости
  • Активности
    • Астрокамп Рожен 2017
    • Ден на астероидот
    • Црни дупки
    • Ноќта на Јуриј 2017
    • Основен курс 2016
    • Планетарно сафари
    • Галактички водич
    • Плутон журка
    • 25 години Хабл
    • Основен курс 2015
    • Интерстелар
  • Галерија
  • Зачлени се
  • Контакт
    • Редакција

Вториот најголем метеорит во светот, Ганцедо

18/9/2016

0 Comments

 
Вториот најголем метеорит воопшто пронајден беше откриен во близина на малиот аргентински град Ганцедо. 30 тонскиот камен, именуван по градот каде што е пронајден, беше откриен на 10 септември и откопан од тим кој останал воодушевен од големината на овој метеорит.
Метеорит Ганцедо
Откопувањето на метеоритот Ганцедо (с) Ministerio de Gobierno
Се верува дека овој метеорит паднал на земјата пред околу 4.000 години, како дел од железен метеоритен дожд кој покрил стотици квадратни километри, тој паднал на Земјата 1000 километри северозападно од Буенос Аирес на место познато како Кампо Дел Чиело. Се верува дека целосниот астероид тежел околу 600 тони и навлегол во земјината атмосфера со брзина од 14.000 километри на час, каде што се распаднал во дожд од помали метеорити.
Метеорит
Кранот го вади метеоритот за прв пат од неговото ’пристигнување’ пред околу 4.000 години (с) Ministerio de Gobierno
Многу од помалите метеорити биле украдени од Кампо Дел Циело од страна на колекционери на сувенири или метеоритски трговци. Научниците велат дека Ганцедо повторно ке биде измерен за да се добие точна тежина.
Метеорит Хобу
Автопортрет со најголемиот метеорит кој бил пронајден во Намибија (с) Petr Horalek
Најголемиот метеорит некогаш откриен, таканаречен Хоба, паднал во Намибиа пред околу 80.000 години и тежел 66 тони. Хоба бил откриен во 1920 година од страна на фармер кој работел на својата нива. Метеоритот бил оставен на своето место бидејки бил премногу голем за да се премести.

Автор: Атанас Велчевски
0 Comments

365 дена Плутон

14/7/2016

0 Comments

 
Некогашната планета Плутон, а сега класифициран како џуџеста планета и член од Кајперовиот појас пред точно една година беше проучуван и детално фотографиран со помош на вселенската сонда Нови Хоризонти во прелетувачка мисија. Вселенската сонда продолжува со мисијата кон нов мал објект од Кајперовиот појас наречен 2014 MU69 каде треба да пристигне на почетокот од јануари 2019 година.
Плутон
Плутон во зголемен контраст и интезитет на боја (с) NASA/New Horizons
Една од скоро објавените мапи со зголемен контраст на релјефот и површинските карактеристики на Спутник платото:
Денес знаеме многу повеќе за Плутон, Харон и нивните сателити благодарение на оваа историска мисија кон надворешноста од Сончевиот систем. Во продолжение ви ги пренесуваме сите новости што беа објавени од мисијата Нови Хоризонти.

Плутон и Нови Хоризонти

Picture
Историска мисија: Прелет над Плутон
Picture
Први детални снимки од прелетот над Плутон
Picture
Плутон: Две недели потоа
Picture
Плутон од друг агол

Picture
НАСА ја насочи Нови Хоризонти кон новата цел
Picture
Нови фотографии од прелетот над Плутон
Picture
Плутон воодушевува со спектакуларни панорами
Picture
Плутон, планета од цимет и змиска кожа
Picture
Необични бразди на Плутон
Picture
Поглед кон чудесниот срп на Плутон
Picture
Ледни вулкани на Плутон?

Picture
НАСА ги објави најбистрите фотографии воопшто направени од Плутон
Picture
Најбистрите слики од Плутон во (пренагласена) боја
Picture
Ледените вулкани на Плутон
Picture
Северниот пол на Плутон
Picture
Облаци на Плутон
Picture
Кратерите со ореол на Плутон
Во иднина, како и до сега ќе продолжиме да ве информираме за текот на оваа мисија како и за сите останати новости од астрономијата и сродните науки.
0 Comments

НАСА ги објави најбистрите фотографии воопшто направени од Плутон

7/12/2015

0 Comments

 
Во последниве неколку месеци, Нови Хоризонти постојано испраќаше податоци од блискиот прелет над Плутон кој се случи во јули оваа година. Сите досегашни слики беа спектакуларни и сите прикажуваа карактеристики кои геолозите и планетарните научници не ги очекуваа. Но сликите кои ги објавија вчера се токму оние кои беа направени од вселенската сонда Нови Хоризонти додека беше во најблиска положба над оваа џуџеста планета и се разбира при тоа се направија слики со највисока резолуција. Некои од сликите кои се дел од мозаикот имаат резолуција од само 80 метри и тие ќе бидат најбистрите фотографии сè додека не испратиме нова вселенска сонда кон Плутон.
Вториот дел од овој мозаик кој се протега од екваторијалниот дел кон јужната хемисфера ќе се објави дополнително кога ќе пристигнат остатокот на фотографиите од Нови Хоризонти, иако повеќето од нив се веќе пристигнати и објавени на официјалниот сајт во сирова форма.
Плутон
На оваа слика е обележан појасот од која дел на Плутон потекнува мозаикот на фотографии (с) NASA/New Horizons
Целиот мозаик во природни бои:
Picture
Мозаикот од фотографии во највисока резолуција во природни бои. Кликнете на сликата за да ја видите во изворна резолуција и сами истражете ја површината на Плутон на кои се гледаат детали од 80 до 200 метри во зависност од делот на мозаикот (с) NASA/New Horizons
Доколку сакате да ги видете фотографиите во изворна резолуција, кликнете на фотографијата погоре. НАСА исто така направи и видео клип на кој се прикажува од кој дел на Плутон потекнува мозаикот и краток приказ низ пределот составен од десетина засебни фотографии кои се протегаат од планините Ал-Идризи сè до централниот дел на Спутник Плато.
Плутон детали
Границата помеѓу планинскиот предел и големата рамнина (с) NASA/New Horizons
Сите овие фотографии кои се дел од мозаикот се снимени со телескопската камера на Нови Хоризонти, можеби на прв поглед делуваат едноставно, но со подетално разгледување ќе видите многу карактеристики како различни кратери во северниот дел и бразди од тектонска активност (горе), планински релјеф со очигледни форми на ерозија во средишниот дел, дури и некои збрчкани карактеристики во форма на песочни дини на самиот предел наречен Спутник Плато кои претходно делуваше сосема израмнето и глатко. Токму таму можете да забележите две кружни форми кои можеби се последица од удар од астероид, но поради големата вискозност на теренот не останал кратер.
Плутон кратер
Дел од Спутник Плато каде се наоѓаат двете кружни форми за кои се претпоставува дека се последица на астероиден удар (с) NASA/New Horizons
Плутон детали
Северниот дел на кој се гледаат кратери со различни карактеристики (с) NASA/New Horizons
Видео клип на кој е прикажан Плутон во лажни и пренагласени бои и приказ на мозаикот во изворна црно-бела слика како што се снимени со камерата:
На овој видео клип можете да го видите истиот предел во лажни и пренагласени бои:
0 Comments
<<Previous
Forward>>

    Категории

    All
    Space
    Астромагазин
    Астрофизика
    Галаксии
    Дома
    Забава
    Квантна физика
    Комети
    Космологија
    Маглини
    Мисии
    Набљудување
    Настани
    Нови светови
    Општество
    Ракети
    Соѕвездија
    Сончев систем
    Телескопи
    Технологии

    Архива

    January 2019
    December 2018
    November 2018
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    July 2018
    June 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    February 2018
    January 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015

    RSS Feed

Астрономски центар Орион © 2014