Астрономски центар Орион
  • Насловна
    • Астрономија
    • Астромагазин
  • Новости
  • Активности
    • Астрокамп Рожен 2017
    • Ден на астероидот
    • Црни дупки
    • Ноќта на Јуриј 2017
    • Основен курс 2016
    • Планетарно сафари
    • Галактички водич
    • Плутон журка
    • 25 години Хабл
    • Основен курс 2015
    • Интерстелар
  • Галерија
  • Зачлени се
  • Контакт
    • Редакција

#10 најважни настани во астрономијата за 2018

29/12/2018

0 Comments

 
Убедливо најчитаната вест на нашиот портал со 14.000 посети беше извештајот за секогаш спектакуларните Персеиди заедно со убавите снимки од Куклица, Македонија.
Персеиди 2018
Во продолжение ги извојуваме најважните вести и настани кои се случија во 2018 година:

#1 Војаџер 2 го напушти Сончевиот систем

Вселенската сонда Војаџер 2 по 41 година ја напушти хелиосферата на Сонцето и веќе официјално се наоѓа во меѓуѕвездениот простор каде сончевиот ветер од јонизирани честички скоро да не допира и најголемиот дел од космичкото зрачење потекнува од други ѕвезди или други галаксии.
Војаџер 2

#2 Сатурн забрзано ги губи прстените

Ново истражување на НАСА утврди дека Сатурн ги губи своите прстени со забрзано темпо. Честичките и карпите од прстените на Сатурн се привлечени од гравитацијата и магнетното поле на планетата.
Сатурн

#3 Откриена е планета и околу втората најблиска ѕвезда

Откриена е планета околу Барнардовата Ѕвезда која е оддалечена само 6 светлосни години од нас. Овој систем е вториот најблизок до Сончевиот систем по Алфа Кентаур ѕвездениот систем кој е составен од дури три ѕвезди, пред две години беше откриена карпеста планета околу Проксима Кентаур. Новата планета е (не)вообичаено наречена Барнардова Ѕвезда б бидејќи на имињата на сите откриени егзопланети се додаваат букви од латиничното писмо на името на матичната ѕвезда.
Планета Барнардова ѕвезда б

#4 Триесет метарскиот телескоп ќе се гради на Хаваи

Фантастични вести од Хаваи, одобрена е изградбата на Триесет метарскиот телескоп. Врховниот суд на Америка ја донесе одлуката во полза на астрономите со 4 гласови „за“ и 1 глас „против“. Изградбата на телескопот беше попречена во 2014 година и целосно прекината во 2015 по протестите на контроверзни религиозни локални квази организации кои тврдеа дека земјиштето на кое треба да се гради телескопот е „свето“ место каде наводно нивните предци се молеле на боговите, тврдења за кое нема никакви културни и историски докази.
Picture

#5 Нова геолошка сонда на Марс

На површината на Марс беше успешно приземјена површинската сонда Инсајт чија намена е истражување на внатрешноста на планетата. Со оваа сонда ќе имаме подобра претстава за структурата на внатрешноста на Марс, дебелината на кората и внатрешната обвивка, големината и цврстината на металното јадро, температурата на нејзината внатрешност, динамиката на ладење на планетата, честоста на појава на земјотреси (марсотреси?). Некои од инструментите на Инсајт може да забележат треперење на површината во димензии од само еден атом.
Picture

#6 Спектакуларно лансирање на Фалкон Хеви

Денес со успешното лансирање на ракетата на СпејсЕКС, Фалкон Хеви стана најмоќната ракета во употреба. Во 21:45 заврши одбројувањето по што сите 27 ракетни мотори се активираа за возбудата да започне следејќи ги сите наредни стадиуми од лансирањето кои поминаа според планираното.
Picture

#7 Прва слика од планета - новороденче

Со помош на еден од новите инструменти на Многу големиот телескоп (VLT) за прв пат директно е забележана планета додека се создава. Планетата е дел од ѕвездениот систем PDS 70 кој сè уште се содава околу млада, црвена џуџеста ѕвезда. Во правливата околина планетата PDS 70b гравитациски прибира материјал од кој се содаваат и други незабележани помали планети во тој систем.
Picture

#8 Двојно попрецизна просторна мапа на Млечниот Пат

Астрономите од тимот на вселенскиот телескоп Гаја го објавија вториот пакет на податоци. Со овие обновени анализи и мерења значително се подобрува базата на податоци од точните локации и привидното движење на преку милијарда ѕвезди во нашата галаксија.
Picture

#9 Откриена е галаксија без темна материја

Галаксиите и темната материја секогаш одат заедно, затоа научниците биле вчудовидени кога откриле галаксија на која и недостасува најголем дел од темната материја. Невидливата супстанца, темната материја, е основата на која се создаваат галаксиите. Всушност, тоа е лепило кое ја држи заедно видливата материја во галаксиите: звездите и гасот.
Picture

#10 Почина Стивен Хокинг

Најпознатиот теоретски физичар и космолог на 21 век, Стивен Хокинг почина на 14 март 2018 година, на 76 годишна возраст во неговиот дом во Кембриџ, објави неговата фамилија.
Picture

Првата вест која ќе ни дојде во новата 2019 година со сигурност ќе биде блискиот прелет покрај Ултима Туле, а ние овде ќе ги пренесуваме сите информации за овој несекојдневен настан од периферијата на Сончевиот систем.
Picture

Овде потсетете се за:
#10 најважни настани во астрономијата за 2017
#10 најважни настани во астрономијата за 2016
#10 најважни настани во астрономијата за 2015
0 Comments

Лансирање на капсулата Прогрес

22/11/2018

0 Comments

 
Неверојатно спектакуларна снимка од лансирањето на капсулата Прогрес МС 10 снимена од Меѓународната вселенска станица (МВС) на 16 ноември. На снимката се забележува лансирањето, излегување на ракетата од атмосферата, активирање на вториот стадиум, согорување на првиот стадиум при навлегување назад во атмосферата и движењето на ракетата во нејзината орбита.
На снимката лесно се забележува границата на најгорните слоеви од нашата атмосфера кои светат зелено поради зрачењето на Сонцето преку денот.
Picture
Товарното вселенско летало Прогрес се лансира кон МВС (с) Alex Gerst
Прогрес МС 10
Почетокот на лансирањето снимено од МВС (с) Alex Gerst
Капсулата Прогрес е товарна верзија на капсулата Сојуз со која се доставува екипаж на МВС. Намената на Прогрес е снабдување со храна и материјали за потребите на екипажот на МВС.
Неколку часа подоцна товарната капсула Прогрес се прикотвува на Меѓународната вселенска станица
Автор: Кристијан Шишковски
0 Comments

Кинезите со најнапредно вештачко Сонце

16/11/2018

0 Comments

 
За време на четири месечниот експеримент преку кој се создаваат услови под кои Сонцето произведува енергија, постигнати се темпертури од 100 милиони степени Целзиусови, што претставува 7 пати повисока температура од јадрото на Сонцето. Со ова се истражува практичната употреба на нуклеарна фузија со крајна цел да се направи самооддржлива нуклеарна централа со реактор на фузија за производство на електрична енергија.
Токамак нуклеарен реактор
ЕАСТ нуклерниот (токамак) реактор е во облик на прстен кој користи високо напонски струи со чие магнетно поле се загрева плазмата од водород на 100 милиони °C. Досега повеќе лаборатории постигнале нуклеарна фузија во времетраење од една минута, но овој случај е особено важен поради повисоката постигната температура. Внатрешноста на Сонцето е 15 милиони °C, за да се постигне нуклеарна фузија без високите притисоци кои се наоѓаат во Сонцето потребни се 7 пати повисоки температури.
Нуклеарна фузија
Минатата година била задржана плазмата цели 100 секунди, а во овој случај температурата е дури 20% повисока од претходните обиди. Со сите овие експерименти се прави чекор напред во воспоставување на постојана фузија во контролирана средина од каде во иднина би можеле да имаме сосема чист исвор на енергија без радиоактивен отпад штетен за околината.

Автор: Мартин Стојковски
0 Comments
<<Previous

    Категории

    All
    Space
    Астромагазин
    Астрофизика
    Галаксии
    Дома
    Забава
    Квантна физика
    Комети
    Космологија
    Маглини
    Мисии
    Набљудување
    Настани
    Нови светови
    Општество
    Ракети
    Соѕвездија
    Сончев систем
    Телескопи
    Технологии

    Архива

    January 2019
    December 2018
    November 2018
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    July 2018
    June 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    February 2018
    January 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015

    RSS Feed

Астрономски центар Орион © 2014