Астрономски центар Орион
  • Насловна
    • Астрономија
    • Астромагазин
  • Новости
  • Активности
    • Астрокамп Рожен 2017
    • Ден на астероидот
    • Црни дупки
    • Ноќта на Јуриј 2017
    • Основен курс 2016
    • Планетарно сафари
    • Галактички водич
    • Плутон журка
    • 25 години Хабл
    • Основен курс 2015
    • Интерстелар
  • Галерија
  • Зачлени се
  • Контакт
    • Редакција

Новости во астрономијата за декември 2016

31/12/2016

0 Comments

 
Најинтересните вести кои можеби ги пропуштивте од полето на астрономијата и сродните науки.

- Антиматеријата за прв пат спектрално анализирана

- Супернова или гравитациски растргната ѕвезда

- Забележани се климатски промени на егзопланета

- Ледената внатрешност на Церера

- За темната материја откриени се нови особини

Следете нè и понатаму.
Picture
Небото во јануари
0 Comments

#10 најважни настани во астрономијата за 2016

28/12/2016

0 Comments

 

#1 Прво директно набљудување на гравитациски бранови

На официјална прес конференција, научните тимови вклучени во овој проект ги објавија првичните резултати кои јасно укажуваат на директна детекција на гравитациските бранови. Имено според приложените анализи и набљудувања станува збор за сплотување на две црни дупки, секоја со маса од 30 сончеви маси на оддалеченост од 1 милијарда св. години од нас. Овој настан бил забележан на 14 септември 2015, траел само 0,2 секунди додека овие две тела орбитирале една околу друга со половина од брзината на светлината и конечно се сплотиле во една помасивна црна дупка. При сплотувањето се ослободила енергија од 3 сончеви маси во вид на гравитациски флуктуации (бранови).
Веќе во јуни беше објавен и втор ваков настан.
гравитациски бранови

#2 Проксима Кентаур има карпеста планета

Денеска научници од Европската јужна опсерваторија објавија рецензиран научен труд преку кој се откри и потврди со голема веројатност дека најблиската планета до нашиот Сончев систем, Проксима Кентаур содржи карпеста планета која обитира во област каде има услови за појава на течна вода на површината. Новиот свет колоквијално наречен ’Проксима б’ (Proxima b) орбитира околу својата матична ѕвезда на секои 11 дена. Овој карпест свет со малку поголеми димензии од Земјата претставува најблиско место каде би можело да се појави живот на површината вон нашиот Сончев систем.
Проксима Кентаур

#3 Нови докази упатуваат на Планета Девет

Во блиското минато откога се постави како хипотеза Планетата Икс имало многу најави за нејзино откривање дури и оваа хипотеза била основ аза многу шпекулации во јавноста. Овој пат реномирани астрономи од Калифорнискиот технолошки институт - Калтек денес приложија докази за можно постоење на деветта планета во Сончевиот систем. Новата хипотетичка планета би можела да орбитира околу Сонцето секои 15.000 години, со големина на Нептун, десетина земјени маси и 20 пати пооддалечена од последната планета. Оваа планета доби колоквијално име: „Планета Девет“.
Планета Девет

#4 Крај на мисијата Розета и повторно слетување на кометата 67П

Научниот Дизниленд, најплодната мисија кон комета наречена Розета заврши со контролирано „слетување“ што во реалност беше рушење на порозната површина при што сигналот се загуби засекогаш. Оваа богата мисија испраќаше мноштво на податоци кои ќе се обработуваат во наредните десетина години за да имаме детално разбирање за кометите и состојбата во раните фази на нашиот Сончев систем.
Слетување на комета

#5 Антиматеријата за прв пат спектрално анализирана

Новообјавен научен труд во списанието Нејчр од научниот тим на Алфа, секторот за антиматерија во Церн, објавија дека за прв пат е снимена спектрална анализа на антиматерија. Големиот технички и научен подвиг дозволува развој на нова гранка во физиката за прецизно истражување на антиматерија. Ова е резултат на повеќе од 20 години научен развој во секторот за антиматерија во Церн.
Антиматерија

#6 Јунона пристигна во орбита на Јупитер

Вселенската мисија Јунона која започна пред 5 години со лансирање на сателитот и поминати милијарди километри, денес успешно влезе во орбита на Јупитер. Ова претставува втора мисија во орбита на Јупитер, првата беше Галилео. Мисијата е предвидена да трае околу 20 месеци и треба да ја истражува внатрешноста и големината на јадрото, магнетното поле и областа каде се создава, составот кој ќе ни открие детали за зачетокот на Сончевиот систем, структурата на облаците и останатите атмосферски феномени како Големата црвена дамка и други карактеристики на најголемата планета во нашиот систем.
Јунона Јупитер

#7 Година на ракети за повеќекратна употреба

Во 2015 година за прв пат две компании успејаа да ги приземјат ракетите за да можат да се употребат повторно. Во 2016 тој технолошки развој продолжи каде Блу Ориџин освен што ја приземјиа истата ракета по четврти пат, направија и неколку тестови со контролирано откажување на дел од системите. СпејсЕКС пак во меѓувреме со пет успешни слетувања на различни ракети како на копно така и на платформа сред океан.
Picture
Picture

#8 Детални анализи на егзопланети

Оваа година се забележа тренд на детално анализирање на различни особини на егзопланети, хемиски состав на нивните атмосфери, климатски промени и други егзотични карактеристики на екстрасоларни системи. Покрај веќе споменатото откритие за карпеста планета околу наблиската ѕвезда, од оваа област може да се издвојат неколку откритија:

 - Забележан е хемискиот состав на егзопланета
 - 1200 нови егзопланети од мисијата на Кеплер
 - Црвено џуџе со 3 населиви планети
 - Ново откриена планета со 3 сонца
 - Проучување на атмосферите на карпести егзопланети
 - Проксима Кентаур ја менува активноста на секои 7 години
 - Млад трикратен ѕвезден систем забележан додека се создава
 - Забележани се климатски промени на егзопланета
Picture
Picture

#9 Вода под површината на Плутон

Со анализа на добиените набљудувања и анализи од податоците кои ги испрати вселенската сонда Нови Хоризонти дојдено е до заклучок дека на Плутон има потповршински глобален океан. Големата рамнина на Плутон наречена Спутник Плато со ширина од 1000 км чии површински карактеристики делуваат како конвективни ќелии наведуваат на голем удар. Неколку хипотези упатуваат дека тој регион е создаден од астероиден удар кој ја пробил кората дебела околу стотина километри и ја открил течната внатрешност која се состои од солена вода.
Picture

#10 Супернова или гравитациски растргната ѕвезда

Мистерија зачната и разрешена во 2016: Во јануари оваа година беше забележана невообичаено сјајна светлина во далечна галаксија за која првично се мислеше дека е супернова. Но при понатамошно набљудување со помош на повеќе различни обсерватории заклучено е дека има мала шанса светлината да потекнува од супернова. Новиот предлог за потеклото на овој настан е уште поредок и поекстремен феномен каде брзо ротирачка супермасивна црна дупка растргнува ѕвезда која дошла во голема близина до неа.
Picture

Најчитани статии во 2016 година

Убедливо најчитана статија во 2016 година беше „Зошто астрологијата е боранија?“ која неочекувано ја надмина статијата за откривање на гравитациските бранови. На второ место по посети е секогаш фасцинантниот метеорски дожд Персеиди и на трето место статија за нови анализи за состојбата на Млечниот Пат во минатото.
Некои од најпознатите македонски интернет портали потпомогнаа да се зголеми рејтингот на статиите.

#1 Зошто астрологијата е боранија?

Скоро е невозможно да се објасни што е астрологија бидејќи можеби има повеќе пристапи кон таа квазидисциплина отколку што има ѕвезди на небото. Постојат разни видови и пристапи како што се според сончевиот знак и подзнак, натална, часовна, архитипна, потоа источно толкување, западно толкување, Њу Ејџ пристап, Ведски пристап, холистички... и до утре на пладне сигурно ќе никнат уште 3~4 нови пристапи кои „сега имаат загарантирана точност“.
Picture

#2 Персеиди 2016

Фантастично шоу со метеорскиот дожд Персеиди. За време на најголемата активност на Персеидите која требаше да се случи ноќта на 11 август кај нас беше облачно и затоа набљудувањето го поместивме за наредната вечер кога сепак требаше да има барем половина од максималната активност. Во меѓувреме ги следевме извештаите што пристигаа од претходната вечер кои воопшто не беа импресивни со забележани помеѓу 20 и 30 метеори на час и ретко неколку случаеви со 40 пријавени во еден час. Поради намалениот ентузијазам за метеорска активност се понесе и телескоп за да пополни време доколку нема метеори, но метеори имаше, чија активност ја надмина просечната појава од 60 метеори на час при максимален интензитет за нашите простори во идеални услови.
Picture

#3 Масата која недостига во Млечниот Пат

Пред околу 6 милиони години, јадрото на нашата галаксија горело бесно и многу светло. Доказите за оваа активна фаза која траела од 4 до 8 милиони години, доаѓаат од потрагата по масата која недостига во нашата галаксија. Имено, мерењата покажуваат дека галаксијата Млечен пат тежи околу 1-2 билиони пати повеќе од нашето Сонце. Околу пет шестини од масата е во форма на невидлива и мистериозна темна материја, а остатокот, односно една шестина или 150-300 милијарда сончеви маси е нормална материја. Но, ако ги собереме масите на сите ѕвезди, гас и прашина кои ги гледаме, збирот ќе изнесува само 65 милијарди сончеви маси. Остатокот од нормалната материја составена од неутрони, протони и електрони – изгледа дека недостига.
Picture
Овде потсетете се за #10 најважни настани во астрономијата за 2015
0 Comments

Целата мисија на Розета во само 4 минути

23/12/2016

0 Comments

 
По завршувањето на историската мисија Розета, Европската вселенска агенција направи четири минутна симулација на позицијата на леталото за време на целата мисија додека ја истажуваше кометата 67П/Чурјумов Герасименко. По десет годишно патување кон кометата, почетокот на главната мисија беше на 31 јули 2014, а веќе на 4 август беше на 100 km од малата карпа во облик на гумено пајче. Првичните патеки и орбити дедека се мапираше површината помогнаа да се одреди позиција за слетување на вселенската сонда Филе кој завши во сенка под стрмен гребен.
Клучните стадиуми во мисијата на Розета вклучуваат и маневри да се припремат за слетувањето, блиските прелети над површината во февруари и март 2015, оддалечувањето поради зголемената активност на кометата при перихел. На пролет во 2016 Розета повторно се оддалечи по што имаше уште еден близок прелет за неколку значајни набљудувања. Од август 2016 леталото започна со серии на елиптични орбити постепено приближувајќи се до кометата. На 29 септември Розета доби наредба со нов курс кон големата карпа, за веќе наредниот ден да се сруши на површината каде ќе остане за секогаш со што заврши оваа епска мисија.
Комета 67П
Прикажаната патеката на Розета е прецизно претставена освен брзината на ротација на јадрото. Сината стрелка ја покажува насоката на Сонцето додека камерата ја менува положбата.

Автор: Мартин Стојковски
0 Comments
<<Previous

    Категории

    All
    Space
    Астромагазин
    Астрофизика
    Галаксии
    Дома
    Забава
    Квантна физика
    Комети
    Космологија
    Маглини
    Мисии
    Набљудување
    Настани
    Нови светови
    Општество
    Ракети
    Соѕвездија
    Сончев систем
    Телескопи
    Технологии

    Архива

    January 2019
    December 2018
    November 2018
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    July 2018
    June 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    February 2018
    January 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015

    RSS Feed

Астрономски центар Орион © 2014