Астрономски центар Орион
  • Насловна
    • Астрономија
    • Астромагазин
  • Новости
  • Активности
    • Астрокамп Рожен 2017
    • Ден на астероидот
    • Црни дупки
    • Ноќта на Јуриј 2017
    • Основен курс 2016
    • Планетарно сафари
    • Галактички водич
    • Плутон журка
    • 25 години Хабл
    • Основен курс 2015
    • Интерстелар
  • Галерија
  • Зачлени се
  • Контакт
    • Редакција

Новости во астрономијата за септември 2018

30/9/2018

0 Comments

 
Најинтересните вести кои можеби ги пропуштивте од полето на астрономијата и сродните науки.

- Први фотографии од површина на астероид

- Џозелин Бел ќе ја донира наградата од 3 милиони долари

- Поларниот шестоаголник на Сатурн

- Објавен првиот астро-патник околу Месечината

- Прстени од црни дупки

Следете нè и понатаму.
Picture
Небото во октомври:
0 Comments

Први фотографии од површина на астероид

25/9/2018

0 Comments

 
Од јапонското вселенско летало Хајабуса 2 кое е во орбита на астероидот Рјугу се испратија 2 сонди на самата површина. Сондите ги нарекуваат ровери бидејќи можат да ја менуваат локацијата скокаjќи од една позиција на друга. Роверите 1А и 1Б се наречени МИНЕРВА-II1 кои за викендот ги испратија првите снимки направени на површината од астероидот и делуваат спектакуларно. Роверите се со големина на фризби и тежат помалку од еден килограм.
Рјугу
Фотографија направена од роверот 1А во саботата на 22 септември со одблесок од сончевата светлина низ леќите (с) JAXA/Hayabusa 2
Горната фотографија е направена додека роверот 1А отскокнувал од површината. Ова е прв пример од сонда која слетала на астероид и може да ја менува позицијата со помош на реактивни мотори.
Ровери на Рјугу
Уметничка претстава на малите ровери на површината на Рјугу (с) JAXA
Хајабуса ровер
Фотографија од роверот 1Б направена на стотина метри од површината на астероидот Рјугу пред слетувањето (с) JAXA/Hayabusa 2
Во иднина планирани се уште 2 слетувања, со германската сонда МАСКОТ на почетокот од октомври и МИНЕРВА-II чие слетување е планирано за наредната година.

Автор: Ивана Крстевска
0 Comments

Собирање на вселенски отпад со мрежа

20/9/2018

0 Comments

 
Направена е интересна снимка од сателит кој исфрла мрежа за собирање на вселенски отпад. Британскиот сателит РимувДибрис (NanoRacks-Remove Debris) кој прво беше прикачен до Меѓународната вселенска станица - МВС, а потоа упатен кон целта која требаше да ја земе, мал КјубСат сателит. Операторите се задоволни од начинот на извршување на мисијата која одмина според планираното. На видеото се забележува неконтролираната ротација на малиот сателит кој се наоѓа на само 8 метри од РимувДибрис при исфрлување на мрежата. По оваа постапка за неколку месеци малиот сателит заедно со мрежата ќе навлезе во атмосферата комплетно согорувајќи.
Вселенски отпад
Моментот на исфрлување на мрежата од сателитот за ловење на вселенски отпад (c) NanoRacks-Remove Debris
Picture
Изглед на малите КјубСат сателити кои најчесто се се поставуваат во орбита од Меѓународната вселенска станица (с) NASA
Покрај оваа метода британскиот сателит РимувДибрис ќе може да користи и харпун со кој ќе ги собира нефункционалните сателити. Нај крај од мисијата сателитот ќе ослободи големо едро со што значително ќе се забрза времето на деорбитирање и пад во атмосферата. Вакви сателити се очекува да помогнат при расчистување на вселенски отпад кој се наоѓа во ризична близина на функционални сателити и Меѓународната вселенска станица.

Автор: Мартин Стојковски
0 Comments
<<Previous

    Категории

    All
    Астромагазин
    Астрофизика
    Галаксии
    Дома
    Забава
    Квантна физика
    Комети
    Космологија
    Маглини
    Мисии
    Набљудување
    Настани
    Нови светови
    Општество
    Ракети
    Соѕвездија
    Сончев систем
    Телескопи
    Технологии

    Архива

    January 2019
    December 2018
    November 2018
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    July 2018
    June 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    February 2018
    January 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015

    RSS Feed

Астрономски центар Орион © 2014