Видео клипови од прелетот над Плутон
Позадинското осветлување на Плутон од рефлексијата на Харон е пренагласено.
Избрана е новата дестинација за истражување на вселенската сонда Нови Хоризонти откако ја заврши мисијата и историскиот прелет над Плутон. Следното тело кое ќе се истражува е дел од Кајперовиот појас со големина од 50 до 100 км и оддалечен повеќе од милијарда километри од Плутон.
Според тимот на Нови Хоризонти 2014 MU69 е формиран токму каде што моментално орбитира и во минатото немало некои преголеми варијации во однос на орбитата. Затоа ова тело ќе биде прво од ваков тип за истражување со што би се дознало повеќе за раните фази на Сончевиот систем и за телата кои орбитираат во тој појас. Ова тело беше едно од само две потенцијални за истражување кое се најде на патеката на Нови Хоризонти кое би можело да се посети со малку потрошено гориво.
За да се стигне до ова тело потребни се уште неколку додатни маневри во октомври и ноември со сондата која е со големина на пиано за да повторно направи прелет кон крајот на 2018 или почетокот на 2019 година. Администрацијата на НАСА сè уште не го одобрила продолжувањето на мисијата, но се разбира дека сите очекуваат тоа да биде одобрено без никаков проблем во 2016 кога и официјално тимот ќе упати предлог барање за иднината на оваа мисија.
Видео клипови од прелетот над Плутон
Сировите снимки ставени на една секвенца како што се добивани додека траел прелетот без додавање на боја.
Графичка анимација и симулација со оригиналните текстури добиени од Нови Хоризонти. Времето кое е покриено овде е од 9:30 до 13:30 на 14 јули 2015 г. Најблискиот прелет се случи околу 11:50 по Гринич.
Позадинското осветлување на Плутон од рефлексијата на Харон е пренагласено.
Симулација на движењето на видното поле на широкоаголната камера на Нови Хоризонти додека траел прелетот. Последниот кадар е фасцинантен каде се забележува разликата помеѓу Плутон со тенката атмосфера и Харон кој воопшто нема атмосфера.
0 Comments
Еден од надобрите манипулатори со астрономски фотографии Роман Ткаченко кој се прослави со импресивните процесирани фотографии од Плутон, овој пат ни прикажува како би изгледало доколку имавме друга месечина од Сончевиот систем наместо Месечината и како би изгледале на самата квечерина. Иако нивната големина е помала од таа Месечината, сепак симулациите се направени да бидат во иста големина со дискот на Месечината. Погледнете денес према југозапад и ќе ја видите Месечината во слична осветленот.
Американската НАСА објавија панорамска фотографија од 100 мегапиксели, направена од роверот Кјуриосити на последното место каде се земало примерок преку бушење на карпата. Оваа фотографија е направена од стотина различни помали слики земени од местото наречено Бакскин. Ова претставува седми примерок од карпа на планината Шарп која се наоѓа во кратерот Гејл, каде слета роверот и чии слоеви сè уште се истражуваат. Кјуриосити е веќе 3 години на површината на Марс од каде зема примероци од почвата и атмосферата. До сега со роверот се поминати повеќе од 10 км, а до крајот на мисијата се предвидува да се поминат повеќе од 25 км. Претходно најавените оштетувања на тркалата чија состојба се влошува секој изминат километар, се очекува да го издржат крајот на мисијата. Тимот на Кјуриосити се надева на продолжување на мисијата до 2022.
|
Категории
All
Архива
January 2019
|