Астрономски центар Орион
  • Насловна
    • Астрономија
    • Астромагазин
  • Новости
  • Активности
    • Астрокамп Рожен 2017
    • Ден на астероидот
    • Црни дупки
    • Ноќта на Јуриј 2017
    • Основен курс 2016
    • Планетарно сафари
    • Галактички водич
    • Плутон журка
    • 25 години Хабл
    • Основен курс 2015
    • Интерстелар
  • Галерија
  • Зачлени се
  • Контакт
    • Редакција

Делови од површината на 67П богати со вода

26/6/2015

0 Comments

 
Забележани се стотина делови од површината на кометата 67П/Чурјумов-Герасименко кои се богати со вода во замрзната состојба. Тие сегменти се забележани со телескопската камера на Розета кои се значително посветли од просекот на површината на кометата.
Комета вода
Слики каде се приметуваат посветлите делови од кометата кои се богати со вода во замрзната состојба (с) ESA/Rosetta
Сликите од кометата се со збогатена боја и контраст до 1000 пати за да се нагласат деловите кои содржат вода. Сите места богати со вода се наоѓаат во сенка или покрај остри гребени, каде сончевите зраци не допираат и водата може да опстои во цврста состојба. За сега не се пронајдени мразеви од јаглероден диоксид, што е и очекувано бидејќи СО2 сублимира многу побрзо и на пониска температура.
Комета Розета
Локации на кометата од каде се снимени областите богати со вода, сите снимки се во приближно ист размер (с) ESA/Rosetta
Кометата продолжува да се приближува кон Сонцето (перихел) со тоа ќе се зголеми сончевото зрачење и во тие предели се  очекуваат промени, каде во одредени услови ќе се открие повеќе мраз и ќе бидат посветли, а во одредени делови се очекува мразот комплетно да испари (сублимира) каде ќе останат само многу темни јаглеродни соединенија.
0 Comments

Обид за слетување на ракетата Falcon 9

26/6/2015

0 Comments

 
SpaceX објави видео од нивниот последен обид да го слетаат првиот стадиум на ракетата Falcon 9 на платформа сред Атлантикот.
На самиот почеток се гледа како ракетата се враќа со суперсонична брзина во слободен пад која постепено забавува до 350 км/ч поради отпорот од атмосферата, каде подоцна повторно ги пали ракетните мотори во обид да слета на платформата популарно наречена „Само прочитај ги инструкциите“.
Примарната цел на оваа мисија беше да се достави капсулата Dragon која ја снабдува Меѓународната вселенска станица, што беше комплетен успех. Слетувањето на
првиот стадиум беше само концепт кој сè уште се развива. Од SpaceX велат дека се оптимисти и дека во иднина ќе го усовршат овој начин на слетување, а со тоа ќе се спаси и најскапиот дел од ракетата со што лансирањата до ниската орбита ќе станат повеќекратно поевтини.
ракета Фалкон 9
Лансирање на 70 метарската ракета Falcon 9 (с) SpaceX
Следниот обид на SpaceX за слетување на платформа во океанот ќе биде во недела на 28 јуни 2015 во 16:20.
0 Comments

Конусна планина на Церера

23/6/2015

0 Comments

 
Последните слики кои пристигнаа од Церера прикажуваат конусна планина висока 5 км која се издига над релативно рамната површина. Моментално леталото Зора (Dawn) се наоѓа на 4.000 км над површината од каде ги сними овие особини на површината. Се гледа дека низ целата површина се појавуваат кратери, некои од нив имаат и централни испакнатини, но оваа конусна ’планина’ доминира во нејзината околина (некои велат дека повеќе им личи на пирамида).
Церера пирамида конус
Изглед на конусната планина висока 5 км на средина од хоризонтот (с) NASA/JPL
Мистериозната планина не е единствената карактеристика која се гледа на новите слики. Тука се веќе се побројните ситни светли дамки, повеќе шестоаголни кратери, неколку групи на линеарно поставени кратери, длабоки бразди и неколку посветли (свежи?) кратери.
Церера планина бразди
Во десниот дел се забележува високата конусна планина, неколкуте светли дамки, во левиот десен агол има неколку бразди (с) NASA/JPL
Во иднина се очекува многу повеќе детали за нивниот состав и начин на создавање, бидејќи веќе идниот месец леталото Зора ќе биде во многу пониска орбита од 1.500 км од каде со помош на другите инструменти ќе ги разоткрие овие мистерии на карактеристиките на површината.
Церера голема бела дамка
Веќе познатата голема бела дамка за која исто така сè уште не се знае потеклото и составот, се наоѓа во кратер широк 100 км. На оваа фотографија може да се забележат линеарно поставените кратери кои се паралелно ориентирани меѓу себе (с) NASA/JPL
0 Comments
<<Previous

    Категории

    All
    Space
    Астромагазин
    Астрофизика
    Галаксии
    Дома
    Забава
    Квантна физика
    Комети
    Космологија
    Маглини
    Мисии
    Набљудување
    Настани
    Нови светови
    Општество
    Ракети
    Соѕвездија
    Сончев систем
    Телескопи
    Технологии

    Архива

    January 2019
    December 2018
    November 2018
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    July 2018
    June 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    February 2018
    January 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015

    RSS Feed

Астрономски центар Орион © 2014