- Најдобрите фотографии од транзитот на Меркур
- 1200 нови егзопланети од мисијата на Кеплер
- СпејсЕКС не престанува да воодушевува
- Црвено џуџе со 3 населиви планети
- Златниот телескоп
Следете нè и понатаму.
Најинтересните вести кои можеби ги пропуштивте од полето на астрономијата и сродните науки.
- Најдобрите фотографии од транзитот на Меркур - 1200 нови егзопланети од мисијата на Кеплер - СпејсЕКС не престанува да воодушевува - Црвено џуџе со 3 населиви планети - Златниот телескоп Следете нè и понатаму.
0 Comments
Сосема неочекувано фотографот Зек Гретер на 6 мај сликајќи тајмлапс кон Млечниот Пат од Јужна Каролина додека ракетата Фалкон 9 на Илон Маск му ја „уништила“ снимката, како што самиот тој иронично објавува на неговиот Инстаграм профил. На снимката се гледа активноста на вториот стадиум од ракетата и слетувањето на првиот стадиум далеку во океанот.
Целата снимка на прв поглед делува многу нереално, можеби бидејќи не сме навикнати да гледаме вакви несекојдневни случувања. Според фотографот ракетата со голо око делувала како обичен сателит во орбита, но кога го забележал слетувањето во далечина имал добра идеја за што станува збор, а тајмлапсот е повеќе од воодушевувачки.
Во понеделникот на 9 мај планетата Меркур премина преку сончевиот диск, настан кој се случува на секои 3 до 10 години во мај или во ноември, следниот транзит на Меркур ќе биде на 11 ноември 2019. Транзитот на Меркур кој траеше од 13:10 до 20:40 беше забележан од различни места на планетата Земја и вселената со различни инструменти и различни техники на снимање. Затоа за оваа статија се потрудивме да ги најдеме најдобрите фотографии кои беа објавени.
Видео клип од горенаведениот настан пропратен со трет транзит:
Транзитот снимен во различни фреквенции на ултравиолетовата и видливата светлина од инструментите на СДО сателитот:
Одличен тајмлапс и премин од снимките на СДО во снимка од еден од најголемите телескопи за набљудување на Сонцето, Сончева опсерваторија Голема Мечка:
|
Категории
All
Архива
January 2019
|