Автор: Ивана Крстевска
На милијарда километри после Плутон во Кајперовиот појас се наоѓа објектот 2014 МУ69 кој наскоро ќе биде посетен од Нови Хоризонти. За него веќе се знае дека е составен од две помали карпи или барем взаемно коорбитираат на мало растојание. Новите податоци укажуваат дека има придружниик, мала месечинка која орбитира околу поголемиот бинарен објект. Колку повеќе се истражува овој објект, толку повеќе станува интересен. Нови Хоризонти блискиот прелет ќе го направи на првиот ден од 2019 година. Поради малите димензии на 2014 МУ69 ние ќе дознаеме за неговиот облик дури по прелетот кога вселенската сонда ќе ги испрати првите слики со висока резолуција, како и составот на површината и големината на месечината доколку навистина постои. Во три наврати беше набљудувана окултација на позадински ѕвезди од 2014 МУ69. Различните линии се набљудувања во различни периоди каде се забележува дека набљудувањето на 10 јули исто така имало мало затемнување каде се теоретизира дека се наоѓа малата месечинка (с) NASA/JHUAPL/SwRI/James Tuttle Keane Најдобрите набљудувања се направени со неколку телескопи во јуни и јули оваа година додека објектот преминал пред бледа ѕвезда во позадината затемнувајќи дел од светлината на ѕвездата. Според добиените податоци заклучено е дека објектот се состои од две тела со слична големина како и дека можеби има месечинка која гравитациски влијае на бинариот објект. Освен гравитациското влијание на малата месечинка забележано е мало неочекувано затемнување на позадинската ѕвезда во позиција близу до објектот 2014 МУ69 со што веројатноста дека малата месечинка постои е уште поголема. Автор: Ивана Крстевска
0 Comments
Leave a Reply. |
Категории
All
Архива
January 2019
|