Вселенската сонда Chang’e-4 испратена од Кинеската национална вселенска агенција (CNSA) која се состои од лендер и ровер денес успешно слета на далечната страна на Месечината.
|
Сончев систем / 2 јануари 2019
Прв поглед кон Ултима Туле Вселенското летало Нови Хоризонти само 6 часа по Новата година успешно прелета покрај Ултима Туле, мал триесет километарски објект во Кајперовиот појас оддалечен 6,7 милијарди километри.
|
Убедливо најчитаната вест на нашиот портал со 14.000 посети беше извештајот за секогаш спектакуларните Персеиди заедно со убавите снимки од Куклица, Македонија.
|
Мисии / 24 декември 2018
Близок прелет покрај Ултима Туле Вселенското летало Нови Хоризонти ќе прелета близу покрај Ултима Туле на 1 јануари 2019 година во 6:30 ч. според наше, локално време. Поради оддалеченоста од скоро 6 светлински часа, ние ќе дознаеме дали е успешен прелетот околу пладне истиот ден, а веќе пред полноќ може да ја очекуваме првата фотографија од овој мал објект.
|
Сончев систем / 19 декември 2018
Сатурн позабрзано ги губи прстените Ново истражување на НАСА утврди дека Сатурн ги губи своите прстени со забрзано темпо. Честичките и карпите од прстените на Сатурн се привлечени од гравитацијата и магнетното поле на планетата.
|
Сончев систем / 18 декември 2018
’Далечен’ е најдалечниот објект во Сончевиот систем Откриена е мала планета која е 100 пати пооддалечена од Сонцето отколку што е Земјата со колоквијалоно име Далечен (2018 VG18). Нејзиниот дијаметар е околу 500 km, прекриена со мраз, има релативно сферична форма, просечната оддалеченост од Сонцето е 120 AU и потребни се 1000 години за да исполни една орбита околу Сонцето.
|
Формирањето на ѕвезди звучи едноставно, облак од гас колабира под гравитација кога во средиштето станува погусто и поврело сè додека не започне нуклеарна фузија која ќе ја ’запали’ ѕвездата да започне да сјае, но реалноста е посложена и поинтересна.
|
Астрофизика / 10 декември 2018
Хиперактивен ѕвезден систем На фасцинантен тајмлапс е прикажан развојот на хаотичниот бинарен ѕвезден систем ’Р Водолија’. Бинарниот систем е составен од две различни ѕвезди, бело џуџе и црвен џин чија гравитациска интеракција предизвикува создавање на маглина со интересна форма додека малото компактно бело џуџе ја привлекува материјата од големата црвена џиновска ѕвезда.
|
Вселенската сонда Војаџер 2 по 41 година ја напушти хелиосферата на Сонцето и веќе официјално се наоѓа во меѓуѕвездениот простор каде сончевиот ветер од јонизирани честички скоро да не допира и најголемиот дел од космичкото зрачење потекнува од други ѕвезди или други галаксии.
|
Мисии / 4 декември 2018
Озирис-Рекс пристигна кај астероидот Бену По две години патување вселенското летало Озирис-Рекс со димензии на мал автомобил пристигна во орбита на астероидот Бену чиј дијаметар е само 500 метри. Поради блиската орбита на Бену со Земјината тоа е лесен објект за истражување.
|
Астрофизика / 4 декември 2018
Уште четири гравитациски бранови пронајдени во архивата Откриени се уште четири нови судири на црни дупки во архивата на Лиго и Вирго опсерваториите од 2017 година преку користење на понапредни алгоритми за анализа на претходно добиените податоци.
|
Нашето Сонце започнало да се формира во густ молекуларен облак заедно со илјадници други ѕвезди пред повеќе од 4,5 милијарди години. Оттогаш сите ѕвезди од тој регион се распределиле ширум галаксијата, некои од нив денес се можеби стотици светлосни години оддалечени од нас
|
Мисии / 28 ноември 2018
Нова геолошка сонда на Марс На површината на Марс беше успешно приземјена површинската сонда Инсајт чија намена е истражување на внатрешноста на планетата.
|
Неверојатно спектакуларна снимка од лансирањето на капсулата Прогрес МС 10 снимена од Меѓународната вселенска станица (МВС) на 16 ноември.
|
Мисии / 21 ноември 2018
Одредена е локацијата за наредниот ровер на Марс Огромен кратер со дијаметар од 45 километри наречен Језеро Кратер кој се наоѓа на северната хемисфера на Марс ќе биде следната дестинација за роверот во 2020 година. Роверот ќе биде лансиран на 17 јули 2020, а ќе пристигне на површината на 18 февруари 2021.
|
Астрофизика / 20 ноември 2018
Небесна кобра За прв пат е откриен објект, ѕвезден систем од масивни ѕвезди кои во иднина би можеле да завршат како една од најсилните експлозии со излив на гама зраци (GRB - gamma ray burst).
|
Забава / 16 ноември 2018
Кинезите со најнапредно вештачко Сонце За време на четири месечниот експеримент преку кој се создаваат услови под кои Сонцето произведува енергија, постигнати се темпертури од 100 милиони степени Целзиусови, што претставува 7 пати повисока температура од јадрото на Сонцето.
|
Минатата година најспектакуларната новост беше првото забележување на судир на неутронски ѕвезди, настан кој беше забележан со многу телескопи и инструменти низ целиот спектар од електромагнетното зрачење (од радио бранови до гама зраци) како и преку гравитациски бранови.
|
Забава / 15 ноември 2018
Откриен е огромен кратер под глечерите на Гренланд Истражувчите велат дека откриле огромен кратер под глечерите на Гренланд, ова е прв кратер откриен под ледената покривка. Кратерот се крие под 900 метри дебел слој на мраз во северозападен Гренланд со дијаметар од 30 километри.
|
Нови светови / 15 ноември 2018
Откриена е планета и околу втората најблиска ѕвезда Откриена е планета околу Барнардовата Ѕвезда која е оддалечена само 6 светлосни години од нас. Овој систем е вториот најблизок до Сончевиот систем по Алфа Кентаур ѕвездениот систем кој е составен од дури три ѕвезди, пред две години беше откриена карпеста планета околу Проксима Кентаур.
|
Нови светови / 13 ноември 2018
Тајмлапс од егзопланета Серија на фотографии направени во последните 4 години од планетата Бета Пикторис б орбитирајќи околу својата матична ѕвезда во соѕвездието Сликар.
|
Постојат планети кои не орбитираат околу ѕвезди бидејќи се гравитациски исфрлени од помасивни планети или ѕвезди кои се нашле во близина на нивната орбита при формирањето или при интеракција со друг ѕвезден систем.
|
Галаксии / 10 ноември 2018
Магелановите облаци се во процес на соединување Големиот и Малиот Магеланов облак се во процес на соединување повеќе од милијарда години.
|
Забележана е гигантска фонтана од молекуларен водороден гас предизвикана од супермасивна црна дупка во центар на галаксија која е дел од галактичкото јато Abell 2597. Досега не е забележан цел циклус од прилив и одлив на материја во еден систем од толкави размери.
|
Оумуамуа е најчудесниот објект кој сме го забележале во Сончевиот систем, неговото уникатно потекло вон нашиот ѕвезден систем го прави уште почудесен. Многу негови карактеристики се уникатни и не лесно објасниви што претставуваат голема мистерија за сите астрономи.
|
Телескопи / 1 ноември 2018
Триесет метарскиот телескоп ќе се гради на Хаваи Фантастични вести од Хаваи, одобрена е изградбата на Триесет метарскиот телескоп. Врховниот суд на Америка ја донесе одлуката во полза на астрономите со 4 гласови „за“ и 1 глас „против“.
|
Се појави многу интересен облак на Марс покрај еден од највисоките вулкани на планетата наречен Арсија. Она што го прави интересен е тоа што наликува на чад испуштен од вулканска ерупција.
|
Астрофизика / 26 октомври 2018
Молекуларни облачиња околу нашата супермасивна црна дупка Направена е снимка од регионот околу нашата супермасивна црна дупка Стрелец А* која се наоѓа во центарот на Млечниот Пат. Снимката е направена со помош на АЛМА телескопот во субмилиметарска фреквенција каде се откриваат густи облачиња кои орбитираат со огромна брзина околу супермасивната црна дупка.
|
Телескопи / 24 октомври 2018
Хабл е повторно комплетно функционален Пред неколку седмици објавивме дека еден од жироскопите потребни за насочување и стабилизација на вселенскиот телескоп Хабл бел неисправен по што телескопот се префрлил во заштитен режим на работа.
|
Космологија / 22 октомври 2018
Хиперион, галактичко суперјато Откриено и ново галактичко суперјато наречено Хиперион чија маса е 10.000 пати поголема од нашата галксија, се формирало само 2,2 милијарди години по Биг Бенгот. Галактичките суперјата се најголемите структури во Универзумот составени од галаксии кои се простираат на стотици милиони светлосни години.
|
Сончев систем / 15 октомври 2018
Јупитер во ултравиолетово Џуди Шмит често објавува обработени фотографии од телескопот Хабл, сега тоа е УВ фотографија од гасовитиот џин Јупитер заедно со најголемата јупитерова месечина Ганимед.
|
По неуспешното лансирање на екипажот кон Меѓународната вселенска станица (МВС) со помош на единственото превозно сретсво во моментов, ракетата Сојуз, се доведува во прашање можноста за испраќање на екипаж кон вселенската станица во блиска иднина.
|
Утрово беше лансирана ракетата Сојуз кон Меѓународната вселенска станица со двајца космонаути од Русија и Америка. Две минути по лансирањето ракетата експлодираше и преку системот за итно спасување на капсулата со екипажот тие безбедно се вратија на Земјата.
|
Телескопи / 9 октомври 2018
Големи проблеми за Хабл телескопот Вчера беше објавено дека уште еден жироскоп за стабилизација на Хабл телескопот откажал да функционира. За нормално користење на Хабл телескопот потребни се 3 жироскопи, но денес откажа третиот преостанат функционален жироскоп, по што Хабл автоматски се приклучи во заштитен режим на работа.
|
Направена е симулација за подобро разбирање на светлинското зрачење кое се создава додека две супермасивни црни дупки со маса од милијарди сончеви маси коорбитираат една околу друга, само моменти пред конечно спојување во една супермасивна црна дупка.
|
Веќе подолго време се претпоставуваше дека честичките од прстените на Сатурн паѓаат во атмосферата правејќи ефект на постојан метеорки дожд кој се случува единствено над екваторот каде се наоѓа системот од прстени на Сатурн.
|
Награди / 3 октомври 2018
Жена добитник на Нобелова награда за физика по 55 години Дона Стрикленд од Канада е третата жена во историјата да добие Нобелова награда за физика по Марија Кири во 1903 и Марија Геперт Маер во 1963 година. Дона Стрикленд ја подели наградата со Артур Ешкин од САД и Жерард Мору од Франција за истражувања во полето на ласерската технологија.
|
Откриен е нов мал објект во Сончевиот систем позади орбитата на Нептун. Колоквијално именуван како Гоблин (2015 TG387) се наоѓа на 80 астрономски единици од Сонцето (80 пати подалеку од растојанието Сонце-Земја) и потребни се 40.000 години за да оствари една орбита.
|
Мисии / 25 септември 2018
Први фотографии од површина на астероид Од јапонското вселенско летало Хајабуса 2 кое е во орбита на астероидот Рјугу се испратија две сонди на самата површина.
|
Телескопи / 20 септември 2018
Собирање на вселенски отпад со мрежа Направена е интересна снимка од сателит кој исфрла мрежа за собирање на вселенски отпад. Британскиот сателит РимувДибрис (NanoRacks-Remove Debris) кој прво беше прикачен до Меѓународната вселенска станица - МВС, а потоа упатен кон целта која требаше да ја земе, мал КјубСат сателит.
|
Објавена е првата фотографија од новиот вселенски телескоп за пронаоѓање на планети преку метода на транзит наречен ТЕСС (Transiting Exoplanet Survey Satellite - TESS).
|
Награди / 19 септември 2018
Џозелин Бел ќе ја донира наградата од 3 милиони долари Една од водечките астрофизичарки на Обединетото Кралство - Џозелин Бел Барнел одлучи да ги донира своите 3 милиони долари од престижната награда за наука со која неодамна беше одликувана.
|
Основачот на СпејсЕКС, Илон Маск на денешната прес конференција го објави името на првиот приватен патник кој ќе ја обиколи Месечината одблизу заедно со неколку уметници кои би требало да добијат додатна инспирација од оваа авантура и да направат некакво уметничко дело по враќањето.
|
Галаксии / 14 септември 2018
Галактички сафир Додека се сервисирале дел од инструментите на Многу големиот телескоп (VLT) во Чиле, астрономите решиле да го искористат за фотографирање на еда наша соседна спирална галаксија NGC 3981 без особена научна цел, единствено за задоволување на апетитите за фотографирање на раскошната галаксија.
|
Прсетенстите галаксии се многу ретки видови на галаксии. Се претпоставува дека се формираат кога помала галксија ќе мине низ спирална галаксија од правец на поларните предели на галаксијата.
|
Користејќи архивирани податоци од вселенското летало Касини откриен е вител во најгорните тенки слоеви од атмосферата близу северниот пол на Сатурн над млазните струи кои го формираат познатиот шестоаголник.
|
Мисии / 29 август 2018
Ултима Туле е на видик Вселенското летало Нови Хоризонти за четири месеци ќе прелета покрај објект од Кајперовиот појас популарно наречен Ултима Туле. На 16 август оваа малечка карпа со дијаметар од 30 километри за прв пат е забележана со помош на телескопската камера на леталото
|
Сончев систем / 23 август 2018
Вистинското лице на Титан Сатурновата месечина Титан е една од најфасцинантните тела во Сончевиот систем, често и се доделуваат особини на планета и намерно или случајно планетарните научници ја нарекуваат планета.
|
Сончев систем / 23 август 2018
Пронајдена замрзната вода на Месечината Добиени се цврсти докази за постоење на замрзната вода во кратери на половите од Месечината. Досега доказите беа преку индиректни набљудувања или повеќе двосмислени за околу количеството на вода во тие предели.
|
Набљудување / 16 август 2018
Персеиди 2018 - извештај Оваа година имавме среќа да метеоролошките услови низ цела Македонија бидат одлични за набљудување на Персеидите, а додатна поволност беше младата Месечина која не пречеше со нејзиниот сјај.
|
Астрофизика / 7 август 2018
Гаја телескопот нѝ открива внатрешност на ѕвезди По објавувањето на вториот пакет на анализи со Гаја телескопот каде детално се анализирани 1,7 милијарди звезди, добиена е досега најпрецизната претстава за развојот на ѕвездите и нивната еволуција.
|
Метеорскиот дожд Персеиди е можеби најплодоносната појава од ваков карактер покрај Геминидите кои се појавуваат во средината на декември. Но сепак летните услови ги прават Персеидите многу попријатни за набљудување.
|
Набљудувања / 25 јули 2018
Во петок затемнување на Месечината Во Македонија од почеток до крај ќе биде видливо целосното (умбрално) затемнување на Месечината. Навлегувањето во целосната сенка ќе започне во 20:25 ч., целосно затемнета ќе биде од 21:31 ч. до 23:15 ч. и конечното излегување од целосната сенката ќе трае до 00:21 ч. по полноќ.
|
Направена е спектакуларна фотографија од централниот дел на Млечниот Пат со помош на новиот радио телескоп Миркат (MeerKAT) кој се маоѓа во Јужноафриканската Република.
|
Сончев систем / 18 јули 2018
12 нови месечини на Јупитер Откриени се 12 нови мали месечини во орбита на Јупитер со големина од 1 до 3 километри. Ова откритие било сосема случајно бидејќи воопшто не се барале месечинки, ниту пак Јупитер бил цел на истражување.
|
Откриен е нов вулкан на Јупитеровата месечина Јо со помош на вселенското летало Јунона кое е во орбита околу Јупитер. На новите снимки се забележува ново жариште во близина на јужниот пол на месечината кое претходно не постоело
|
Сончев систем / 14 јули 2018
Метеорити на Марс Објавен е список на метеорити пронајдени на површината на Марс од два ровера, Опортјунити кој пристигна заедно со роверот Спирит во 2004 и Кјуриосити во 2012 година. Шест од пронајдените метеорити се именувани и анализирани нивните физички и хемиски карактеристики благодарејќи на инструментите што се наоѓаат на роверите.
|
Астрофизика / 12 јули 2018
Активна галаксија нè ’бомбардира’ со сенишни честички Пронајден е голем извор на високо енергетски неутрина на оддалеченост од 4 милијарди светлосни години во галаксија (блазар) со многу активно јадро каде се наоѓа супермасивна црна дупка која исфрла два млаза со честички во спротивни насоки, еден од тие млазови е насочен кон нас.
|
Како што објавивме, вселенското летало Дон е веќе поставено во најблиска досега елиптична орбита околу џуџестата планета Церера. Леталото се приближува на само 35 километри од површината на Церарера која е 1000 километри во дијаметар.
|
Со помош на еден од новите инструменти на Многу големиот телескоп (VLT) за прв пат директно е забележана планета додека се создава. Планетата е дел од ѕвездениот систем PDS 70 кој сè уште се содава околу млада, црвена џуџеста ѕвезда. Во правливата околина планетата PDS 70b гравитациски прибира материјал од кој се содаваат и други незабележани помали планети во тој систем.
|
Мисии / 27 јуни 2018
Рјугу и почеток на интересна мисија Јапонското вселенско летало Хајабуса 2 денес пристигна во близина на малиот астероид Рјугу, оттаму ќе донесе примерок назад на Земјата.
|
Мисии / 24 јуни 2018
Објавени сите снимки од Розета Фасцинантната мисија околу активна комета на Европската вселенска агенција, Розета заврши пред скоро 2 години. Правото на ембарго на тимот на Розета врз добиените податоци заврши и тимот ги објави сите снимки, меѓу кои и последните додека леталото беше контролирано урнато на површината од кометата.
|
Мисии / 19 јуни 2018
Пристигнување на Рјугу Една од најинтересните појави кон новите, неистражени објекти во Сончевиот систем е секако првиот впечаток од фотографиите кои пристигаат при приближување на леталото и откривање на неговата форма и површински белези.
|
Нови светови / 15 јуни 2018
Набљудувани планети додека се создаваат Илјадници егзопланети се откриени во последните две децении. Откривањето на протопланети досега беше само теоретски возможно преку најпрецизните телескопи со детално процесирање на добиените податоци, но сега два независни тима дошле до исти резултати кои пронашле нов ѕвезден систем со една ѕвезда и 3 планети кои се во процес на создавање.
|
Првенствено мора да се напомене дека овие наоди може да имаат природно, небиолошко потекло, но со овие резултати можноста за небиолошко потекло на метанот и органските соединенија е процентуално е далеку помала.
|
Сончев систем / 6 јуни 2018
Церера одблизу Вселенското летало на НАСА, Дон (Зора) се поставува во најниска предвидена орбита која треба да се постигне на почетокот на овој месец за одблизу да ја истражи џуџестата планета Церера која се наоѓа во Астероидниот појас
|
Мисии / 6 јуни 2018
Нови Хоризонти кон новата цел Вселенската сонда Нови Хоризонти која го посети Плутон во јули 2015 година беше во хибернација до утрово кога успешно се подигнаа сите системи и инструментите работат во вообичаен режим.
|
Денови поволни за астрономски набљудувања

Благодарност до Архитектонскиот факултет за поддршката.