Автор: Мартин Стојковски
Првите шест дела од примарното огледало на европскиот Екстремно голем телескоп (ELT) се успешно излиени во германска фабрика која ќе ги изработи сите 798 парчиња што ќе го сочинуваат 39 метарскиот телескоп во Чиле. ЕЛТ ќе биде завршен во 2024 година кога ќе го преземе приматот за најголем оптички телескоп во светот. Европскиот екстремно голем телескоп со дијаметар од 39 метри ќе биде убедливо најголем телескоп во светот кој ќе работи во видлива и инфрацрвена светлина, во исто време треба да биде завршен и Триесет метарскиот телескоп на Хаваите, доколку се надминат политичките проблеми со тамошното локално население. Телескоп од овие размери е скоро невозможно да биде составен од едно гигантско огледало, затоа ќе се состои од 798 мали шестоаголни ќелии со дијаметар од 1,4 метри и само 5 cm дебелина. Огледалата ќе бидат направени од посебна керамичка легура која има многу мало термичко изобличување. Првите огледала се многу важни за да се постават високи стандарди во производниот процес, како и стандардизација на калапите и алатките за нивна изработка. На крајот ќе бидат потребни повеќе од 900 огледала, 798 за основната функција на огледалото и уште 133 огледала кои ќе се користат како замена додека се чистат, реметализираат и сервисираат дел од огледалата. Кога ќе започне нормалното производство во просек ќе се произведува по едно огледало секој ден. По моделирањето на огледалата, ќе бидат полирани со прецизност од само десетина молекули на матријалот од кои се составени. По полирањето следува метализирање на површината и конечно монтажа на телескопската контрукција. Изградбата треба да заврши кон крајот на 2022 година, а првите научни набљудувања ќе започнат во 2024. Автор: Мартин Стојковски
0 Comments
Leave a Reply. |
Категории
All
Архива
April 2018
Моментална фаза на Месечината
|