Ова ново летало иако има некои сличности со повлечениот од употреба Спејс Шатл на НАСА сепак неговата големина и можности се неспоредливи со Спејс Шатлот во однос на носивост и број на екипаж што може да понесе. Спејс Шатлот на НАСА имаше од 15 до 20 пати повеќе волумен за опрема, 3 до 5 пати поголема носивост и 7 члена на екипаж. Дрим Чејсерот има можност за автоматизирано враќање без екипаж, секој нареден член на екипажот се прави на сметка на товарниот простор. Новиот модул за враќање на Земјата Дрегон Ве2 на СпејсЕКС ќе има 25% повеќе волумен од Дрим Чејсер. |
НАСА го избра третиот доставувач на опрема до Меѓународната вселенска станица покрај Дрегон на СпејсЕКС и Сигнус на Орбитал АТК кои веќе успешно доставуваат опрема до вселенската станица. Сигнус не е оспособен за враќање на Земјата, додека Дрегон од СпејсЕКС може да навлезе повторно во атмосферата и да се приземји со помош на падобрани. Оваа година СпејсЕКС ја најавуваат новата капсула со можност за враќање на Земјата наречена Дрегон Ве2, но многу поголем волумен и други додатни можности. Во септември минатата година НАСА потпиша договор со Боинг и СпејсЕКС за летови со екипаж, што и Дрим Чејсерот би можел да добие во иднина. Со овој потег НАСА ќе обезбеди поголема флексибилност во однос на начинот и потребите на идните мисии, а со тоа ќе се намали ризикот и зависноста од надворешните компании.
0 Comments
Leave a Reply. |
Категории
All
Архива
April 2018
Моментална фаза на Месечината
|