Автор: Рената Динева
Околу Проксима Кентаур забележана е структура слична на нашиот астероиден појас и Кајперов појас. Првиот на оддалеченост меѓу 1 до 4 пати колку што е Земјата оддалечена од Сонцето, а вториот, надворешениот кој е поладен и пооддалечен појас од прав што укажува дека се работи за комплексен планетарен систем. Овие структури се слични на Сончевиот систем, и се состојат од прав и лед што не успеале да се формираат во планети. Проксима Кентаур е најблиската ѕвезда до Сонцето. Таа е бледо црвено џуџе оддалечена 4 светлосни години од Сонцето, се наоѓа во јужната страна на соѕвездието Кентаур кое не е видливо од нашата географска позиција. Околу неа орбитира планета со големина на Земјата – Проксима б, откриена во 2016. Но таа планета не е единствениот објект што орбитира, сега се откриени и облаци од ладен космички прав. Откритието е значајно затоа што после откривањето на планетата Проксима б како единствен објект, појасите укажуваат дека станува збор за покомплексен планетарен систем околу ѕвездата. Појасите од прав се остатоци од материјал што не формирале поголеми тела како планети. Големината на тие честички варира од милиметар до големина на астероид со дијаметар од неколку километри. Просторна уметничка претстава во размер на Проксима Кентаур со карпестата планета Проксима б. Со голо око овие појаси не би биле лесно забележливи исто како што тешко се забележува зодијачката светлина околу Сонцето. Овој појас е оддалечен од Проксима Кентаур неколку милиони километри и има маса околу еден стоти дел од масата на Земјата и температура од -230° С, како што е и Кајперовиот појас во надворешниот дел од Сончевиот систем. Во податоците добиени од АЛМА опсерваторијата има знаци и за друг уште поладен и 10 пати пооддалечен појас. Природата на таа појава е доста интересна со оглед на тоа дека орбитира на толкава оддалеченост околу ѕвезда што е многу помала, побледа и поладна од Сонцето. Двата појаси се многу оддалечени од ѕвездата за разлика од Проксима б, која е оддалечена околу 4 милиони километри. Други набљудувања можат да откријат локации на други сè уште неидентификувани планети. Автор: Рената Динева
0 Comments
Leave a Reply. |
Категории
All
Архива
April 2018
Моментална фаза на Месечината
|